Доколку досега не сте користеле серум за лице, а веќе сте навлезени во вашите 30-ти години, време е да направите промена и да почнете да употребувате.
Се прашувате зошто? Причината е следна!
Серумот има молекуларна структура која што дозволува да навлезе подлабоко во кожата. Доколку користите само крем, без серум, создавате бариера на надворешниот слој на кожата, односно ја намалувате функција на кремот доколку тој се користи сам за себе без серум.
Серум-Крем-Мејкап! Правило за нанесување!
Кремот ја заштитува кожата од штетните влијанија, но не ја нахранува. Серумот ја храни длабински – функција која после неколку нанесувања прави вашата кожа да изгледа здрава и сјајна.
Кога ви треба серум?
Во 30-те години, на кожата и треба храна, односно производи кои содржат хијалуронска киселина и антиксиданси. Благодарение на хијалуронската киселина, серумот продира длабоко во епидермот, додека улогата на антиоксидансите е да ве заштитат од лошото надворешно влијание .
Антиоксиданси и Витамин Ц!
Слободните радикали како и сите надворешни фактори како што се нечистотија, смог, себум, внатрешен стрес, ги напаѓаат порите на кожата, уништуваат дел по дел и на крајот имаме резултат – мртви клетки кои мора да се отстранат за да се направи простор за обнова на кожата. Доколку не се стори тоа, се појавуваат брчки кои стануваат подлабоки со текот на времето.
Антиоксидансот прави заштитна обвивка, така што штетните фактори не можат да ја оштетат кожата. Витаминот Ц е уште една многу важна состојка која и помага на кожата да изгледа свежо, односно успешно се бори со заморот.