Повеќе од една деценија, мирисната линија Daisy од Marc Jacobs ги освојува срцата низ целиот свет со својот младешки дух и спонтан шарм. Marc Jacobs претстави мирис наменет за новата генерација млади, кој ја следи традицијата на младешкиот парфем Daisy од 2007 година. Новиот Daisy Love, најавен како воодушевувачки и привлечен мирис за милениалците, креиран од парфумерот Alberto Morillas, кој исто така стои и зад оригиналниот мирис.
Кампања! Kaia Gerber
Daisy Love Marc Jacobs не транспортира од зелените полиња до сончевите плажи што сјаат во новиот гурмански мирис, во визуелно воодушевувачка кампања чија ѕвезда е музата на Daisy, Kaia Gerber ќерка на славната манекенка Cindy Crawford. Снимена од објективот на Alasdair McLellan, познатиот британски моден фотограф, рекламна кампања ни ја открива Kaia и моделите Aube Jolicoeur и Faith Lynch додека се забавуваат под златното сонце на калифорниска плажа.
Кампањата ја покажува убавината и пријателството со низа на весели моменти кои го одразуваат духот на мирисот и остануваат верни на уверувањето на Daisy линијата, дека животот треба да се живее со полни гради.
Мирис! Го исполнува воздухот со сјајни цветни и гурмански ноти
Daisy Love е свеж флорален мирис, кој се отвора со овошни ноти и дрвенесто-мошусна основа. Daisy Love го исполнува воздухот со сјајни цветни и гурмански мирисни ноти кои потсетуваат на одсјајот на сонцето на океанот под синото небо. Недвосмислено женски, младешки, но со софистицирана композиција, Daisy Love отвора пенлив налет на жолти кристализирани бобинки, кои му даваат сладост на мирисот.
Во горните ноти има овошни акорди од бобинка наречена Cloudberry. Цветната срцевина на мирисот содржи ноти од маргарита дрво, додека основата суви дрва и кашмирест мошус.
Дизајн! Луксузна изработка, капаче дизајнирано во форма на цвет
Духот кој го зрачи Daisy Love се гледа во новото шишенце чиј оригинален дизајн се надополнува со весел мирис, но претставен на софистициран начин. Луксузна изработка, капаче дизајнирано во форма на цвет со златна средина му дава дополнителен елегантен изглед. Проѕирно стакло има елегантна обработка со врежани ливчиња на горниот дел, така што изгледа како сонцето да фрла цветна сенка на шишето. Дното на шишенцето е малку заоблен и идеално го нагласува топлиот сјај на Daisy Love мирисот. Кутијата е сјајно бела, со слика од цвет во бисерно розова нијанса. Шишето е дизајнирано од Marc Jacobs лично во соработка со Coty.