Ако внимателно ги погледнете вашите козметички производи, ќе откриете дека на нивните етикети има различни симболи кои ни кажуваат многу за производот. Повеќето од нас не го разбираат значењето на овие симболи. Затоа подготвив водич за запознавање со симболите од козметичките производи за да можете да ги запознаете и совесно да ги користите!
12 најчести симболи од козметичките производи!
#1 Отворена кутија за крем!
Иконата на отворена кутија за крем се нарекува PAO (Period After Opened), што во превод значи колку долго производот може да се користи после првото отворање на заштитното капче или фолија. Обично на пакувањето има број и буква М, што укажува на бројот на месеци што производот може да се користи по отворањето. Најчести симболи се 3M, 6M, 12M, 24M или 36M, што значи 3 месеци, 6 месеци, една година, две години или три години.
#2 Песочен часовник!
Претходниот PAO симбол честопати се поврзува со песочниот часовник што означува „Best Before Date“ (BBD), но тие не се исти. Понекогаш ќе го најдете под ознаката „Exp.“ („expiring“ = истекува). Песочниот часовник означува рок на траење на производот на полицата или временскиот период до кој може да се чува пред да се отвори. Кога на производот му истекува датумот наведен на BBD ознаката, тој повеќе не може да се користи дури и ако производот не е отворен.
#3 Круг со стрелки!
Овој симбол се нарекува „Green Dot Symbol“ и се користи во Европа. Означува дека козметичката компанија финансиски помага во рециклирање на отпадот и амбалажата. Но, тоа не значи дека пакувањето на самиот производ е направено од рециклиран материјал.
#4 Мебиусова лента!
Триаголник направен од свиткани стрели се нарекува Мебиусова лента. Овој симбол ни укажува дека пакувањето на козметичкиот производ може да се рециклира. Ако овој симбол е во круг, тоа значи дека самото пакување е направено од рециклиран материјал.
#5 Симбол со зајак!
Овие три симболи со зајаци се меѓународно признати логоа што укажуваат дека производителот на козметика не врши тестирање на животни на било кој начин. Сите овие ознаки (зајак кој скока, PETA „Cruelty Free“ ознаката и „Choose Cruelty Free – Not tested on animals“) значат дека козметичкиот производ е „Cruelty Free“.
#6 Мала буква „е“!
Малата буква „е“ (Estimated Quantity) се користи во производството на козметика во Европската унија за да се означи нето количеството на производот (француски: Quantité Texmée) за време на пакувањето. За козметика се користи ознака во грамови (g) или милилитри (ml) за цврсти и течни производи. Производите кои имаат помалку од 5 g или 5 ml не мораат да ја имаат оваа ознака.
#7 Рака со книга!
Рака што покажува на книга („Refer to insert“) укажува на тоа дека има дополнителни информации за производот испечатени на посебна брошура или памфлет што не може да се најдат на етикетата на самиот производ. Ова често се информации за листа на состојки, упатство за употреба или предупредување. Ова особено е корисен знак за помали козметички производи кои немаат доволно простор на пакувањето да ги прикаже сите информации.
#8 Човек што фрла ѓубре во канта!
Овој знак е наречен „Tidyman“ и означува дека после употреба, пакувањето може да го фрлите во најблиската канта за ѓубре.
#9 Ознака за органски и природни производи!
Постојат четири типа на ознаки за природни и органски козметички производи што се користат во различни делови на светот:
за производи од САД – USDA Organic simbol,
за европски производи – зелен лист со ѕвезди,
Cosme Bio симболот го користи француската организација за сертификати,
ECO CERT симболот – невладин сертификат со кој се потврдува дека производот е органски (најмалку 95% од растителни екстракти и 10% органски состојки).
Сите овие симболи укажуваат на состојките на овој производ дека потекнуваат од органски култури. Овие знаци се користат и за природни производи.
#10 Триаголник од стрелки!
Знакот „Recycling Arrows Triangle“ е еден од најважните симболи на производот и укажува на можноста за рециклирање на пакувањето. Внатре во овој знак и под него има неколку дополнителни објаснувања, а броевите од 1 до 7 го означуваат типот на пластика од која е направена амбалажата на производот.
#11 Отворен оган!
Овој знак му укажува на купувачот дека производот да не се изложува на отворен оган или висока температура, бидејќи производот е лесно запалив. Ова најчесто се однесува на лак за коса, дезодоранс, лак за нокти и средството за отстранување на лак, бидејќи овие производи содржат состојки како што се алкохол и гас.
#12 Вегански симболи!
Кога станува збор за ознаки на веганската козметика (козметика која не содржи состојки од животинско потекло), во повеќето случаи се потпираме на невладини организации кои ги верификуваат производите и тие варираат од земја до земја. Најчестите ознаки што ќе ги најдете се: канадска VegeCert, американско Certified Vegan logo и британското Vegan Society simbol.