- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Toy 2 Bubble Gum e новото издание на симпатичната Moschino Toy колекција на мириси. Новиот слатко издание е претставено по водство на Jeremy Scott креативниот директор на Moschino. Мирисната линијата Toy за прв пат беше претставена со унисекс изданието од 2014 година, наречено This Is Not A Moschino Toy, за потоа да следи мирисот за жени Toy 2 од 2018 година и машкиот мирис Toy Boy од 2019 година.

Toy 2 Bubble Gum доаѓа како продолжување на Toy 2 женскиот мирис во прекрасно поп-розово шишенце во форма на мече.

Мирис на кандирано овошје и гума за џвакање!

Цветно-овошната композиција се отвора со кандирани цитрусни овошја и акорд за гума за џвакање. Цвет од праска, бугарска роза и ѓумбир го оформуваат срцето на парфемот, додека тоновите на мошус и кедар ја формираат основата на мирисот.

Кампања инспирирана од вселенски патувања!

Рекламната кампања е инспирирана од вселенските патувања, а ја фотографираше самиот Jeremy Scott. Заштитно лице на парфемот е моделот Stella Maxwell.

- Реклама -

Moschino Toy 2 Bubblegum е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.