- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Paco Rabanne Lady Million Empire е мирисна креација на парфимерите Anne Flipo и Jean-Christophe Herault претставена во 2019 година како модерна цветна композиција, доби гламурозно колекционерско издание на својата прва годишнина.

Мирис со розови светки!

Колекционерското Lady Million Empire издание сјае и блеска како дијамант! Обликот на шишето како дијаманти останува ист, горниот дел од шишето е во металик розова боја, додека стаклениот дел сега е покриен со розови светки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne Parfums (@pacorabanneparfums) on

Златна дрскост! Многу заразна!

Овој цветен парфем претставува повеќеслоен букет со опојни ароми од овошје, коњак и дрво. Цветните ливчиња од магнолија обезбедуваат свежина, а цветот од портокал е нијансиран со ароми на кајсија и кожа. Брилијантна моќ која најавува бујност! Аромите на пачули се акцентирани со мус ликер. Мирабел сливата е натопена во златен коњак, златна дрскост, многу заразна.

- Реклама -

Мирисен состав!

Составот во горните ноти комбинира портокал, нероли и црвени рибизли. Срцето комбинира цветни ноти на магнолија, цвет од портокал и османтус засладено со сливи од Мирабел, додека основата е затоплена со коњак, длабока нијанса на пачули и сензуално бел мошус.

Колекционерското издание Paco Rabanne Lady Million Empire Collector Edition е достапно во големина од 80 мл како Eau de Parfum. Гламурозното издание со светки достапно е исклучиво онлајн на официјалната веб-страница на Paco Rabanne.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne Parfums (@pacorabanneparfums) on