Со доаѓањето на летото сите ние полека од плакарот ги вадиме платнените патики, фустани и сукњи. Откако ќе ја промениме облеката, време е за неколку нови мириси за топлата летна сезона. Летните временски услови бараат колку што е можно повеќе нежни и свежи парфеми. Можете да ги одберете најдобрите цитрусни и овошни мириси, но сепак можеби сеуште ваши омилени мириси се цветните парфеми.

Цветни парфеми што ќе посакате да ги испрскате по целото тело!

Топлите летни денови ве покануваат на свежи летни мириси и додека сеуште не мора да го прилагодувате вашиот мирис спрема сезоната, цветните парфеми ќе ви дадат многу причини за тоа. Овие мириси се поигруваат со класични, свежи мириси на цветови и други волшебни ноти кои веднаш го креваат вашето расположение. Мирисите вашиот ум можат да го одведат на некое друго и поубаво место, а дури и самиот поглед на некои шишенца ви носи насмевка на лицето. Урамнотежена мешавина на сладок, свеж и цветен мирис е доволно нежен за да се примети, но сепак доволно суптилен за носење во текот на летото.

Ви предлагам неколку цветни парфеми за лето што ќе посакате да ги испрскате по целото тело. Тие ќе ги пренесат вашите сетила во убавините на летниот одмор дури и кога не сте во можност да патувате.

Marc Jacobs Daisy Dream

Marc Jacobs Daisy Dream

Guerlain Mon Guerlain Bloom of Rose

Guerlain Mon Guerlain Bloom of Rose

Gucci Bloom Acqua Di Fiori

Gucci Bloom Acqua Di Fiori

Giorgio Armani Si Fiori

Giorgio Armani Si Fiori

Lancôme La Nuit Tresor Mus Diamant

Lancôme La Nuit Tresor Mus Diamant

Yves Saint Laurent Mon Paris Parfum Floral

Yves Saint Laurent Mon Paris Parfum Floral

Chloé Nomade

Chloé Nomade

Boss Alive

Boss Alive

Calvin Klein Women Intense

Calvin Klein Women Intense
- Реклама -