Судејќи според сите големи настани што ги гледавме од Греми преку Супербол до Оскарите, еден тренд ќе биде неприкосновен кога станува збор за маникир. Стаклените нокти веќе се апсолутен хит на рацете на холивудските диви и тие стануваат сè почест избор кај љубителите на добро средени и негувани нокти.
Транспарентност која фасцинира!
Во последниве години наидовме на многу различни должини, форми, бои и начини на кои ги украсувавме ноктите, но мора да се признае дека секој пат избиравме нешто што може да се нарече тренд. За стаклените нокти веќе е јасно дека со причина ќе доминираат и на модните писти и улиците оваа сезона!
Во морето на фасцинантни маникири, овој специфичен стил се издвојува благодарение на фактот дека ноктите се транспарентни и можноста за нивно украсување е речиси неограничен!
Недвосмислено кул!
Комбинација на гел нокти и француски маникир – долги, транспарентни нокти со нагласени врвови, нацртани, полирани, шарени… Хипер минималистички пристап кој веројатно ќе биде уште поприфатен и помасовен од класичниот розов или бел лак и недвосмислено многу повеќе кул!
Благодарение на Jennifer Lopez, Blac Chyna и Demi Lovato, светлата на рефлекторите паднаа на овој освежувачки тренд на маникир и токму заради нив настана вистинска фама за стаклени нокти и стаклен француски маникир. Да биде јасно, ноктите не се изработени од стакло туку од софт гел и траат скоро еден месец. Тие можат да бидат делумно или целосно украсени или целосно транспарентни. Сè уште чекаме начин како да го добиеме овој ефект врз нашите нокти во домашни услови. Дотогаш, потребна е помош од козметичар.
Сите можни форми и украси!
Бадем, овални, балерина… Обвиени со златна лента, со циркон во средина, транспарентен француски маникир во бои – врвот на секој нокт обоен во различна боја: зелена, портокалова, сина, жолто црвена, златен лак во коренот на ноктите – полумесечина, сребрени детали, „скапоцени камења“, ѕвезди…
За стаклените нокти нема ограничување, можете да направите сè што ви паѓа на памет и токму затоа овој тренд ќе доживее експанзија во сезоните што следат.