Светското првенство во фудбал ја достигна својата највозбудлива фаза! Еуфоријата трае со недели, но кон крајот на Светското првенство, за некои од навивачите од двата пола не постојат други сфери на интерес – постои само фудбалот.

Фудбал и шминка, зошто да не?

Без разлика дали го следите првенството во фудбал или не, ваков голем настани е одличен изговор за да бидете храбри кога станува збор за шминката. Еве ја можноста, вообичаената летна шминка да ја замените со забавна, мундијалска.

Во духот на шампионатот, изберете соодветна палета со сенки. Внимателно нанесете од боите кои се совпаѓаат со боите на знамето на националниот тим за кој навивате. Искористете го следниот натпревар како изговор за експериментирање со бои кои во нормални околности никогаш нема да ги ставите на очните капаци. Лето, лесна гардероба и светли бои, дефинитивно ќе ви одат од рака ако се одлучите за овој мал мејкап тест.

- Реклама -

Шарената страна на фудбалот!

Замислете ги боите од знамето на Бразил на вашите очни капаци – егзотична фузија на зелена и жолта… Храбра комбинација која ќе ги истакне вашите очи и сигурно ќе привлече многу внимание и љубопитни погледи! На ист начин, на очните капаци може да се нанесат боите на другите репрезентации, за кои вие или вашите пријатели навиваат за Светското првенство. Не заборавите дека при нагласување на очите, остатокот од вашата шминка треба да биде на минимум, но ова не важи за вашите усни. Хајлајтерот ќе биде вашиот супер-сојузник, исто така како и маскарата за волумен. На усните исто така нанесете ги боите на вашиот фаворит, но за поумерен мејкап изглед доволно е да нанесете некоја неутрална, корална боја, или уште подобро, нанесете само живописен слој на сјај за усни и тоа е сè!

Не заборавајте дека во филмот “Мундијалска грозница” главната улога е доверена на вашите очи, сите други улоги се споредни.

Без оглед која опција ќе ја изберете, нема да направите грешка. Играјте со бои, бидејќи летото е вистинско време за тоа, а Светското првенство е само совршен изговор.