Обожавателки на течни мат кармин за усни – не грижете се! Дури и со триумфалното враќање на сјаевите за усни, вашиот мат стил не е излезен од мода. Ако ви се допаѓа долготрајна шминка за која не треба многу да се грижите – тогаш сигурно користите течни мат кармини. За жал, тие често имаат формула која ги суши усните, која е непријатна и тешка. Затоа ви го откривам овој супер трик со кој ќе го решите проблемот со суви усни по нанесувањето на мат кармин!
Ако не може да замислите ден на работа без течен мат кармин кој е вашиот сигурен сојузник, веројатно сте се сретнале со суви усни кои ве затегнуваат, особено ако се работи за супер-долготрајна формула. За да не ги опоравувате со денови вашите усни после нанесувањето на мат кармин, слушнете го овој совет кој ќе ве воодушеви.
Трик со мат течен кармин – Масло?
Трикот е многу лесен и едноставен – додадете неколку капки од бадемово масло во шишенцето на течниот кармин што ви ги суши усните! Овој трик исто така е одличен ако вашиот омилен течен кармин е при крај – бидејќи така ќе ги соберете последните капки од кармин. Формулата на течниот кармин станува многу пријатна за усните.
Најдобро од сè е што овој трик не го менува изгледот на карминот на усните, ниту неговата долготрајност. Она што можете да очекувате е благо пресликување на карминот на шолја или чаша од која пиете – но, тоа сеуште е долготраен кармин кој е пријатен, мек и нежен на усните.
Затоа многу е корисно во бањата секогаш при рака да имате шишенце со бадемово масло кое е евтино, но повеќенаменско: од нега за испукани усни, отстранување на шминка, за суви делови на кожата, до трикот со течниот мат кармин!
Совети како течниот мат кармин да не ви ги исуши усните!
Покрај трикот со бадемово масло, ви нудам уште неколку проверени совети кои ќе ви помогнат како вашиот омилен течен мат кармин за усни не ви ги суши усните:
-Направете пилинг на усните со помош на пилинг за усни или нанесете подебел слој на балсам за усни, а потоа триете ги усните со шеќер, додека не ги отстраните сите суви кожички и мртви клетки од кожата. На овој начин ќе добиете мазно платно за беспрекорно нанесување на течен кармин.
-Нанесете серум со хијалуронска киселина на усните – верувале или не, хијалуронот од серумот за лице, всушност ќе ги хидрира усните, а покрај тоа ќе добиете ефект на „полни“ усни.
–Балсам за усни во тенок слој – пред шминкањето на целото лице, нанесете балсам за усни и оставете го да отстои додека го шминкате лицето. Кога вашите усни ќе дојдат на ред, едноставно избришете ги и откријте ги вашите меки и нежни усни. Сега сте подготвени да нанесете мат течен кармин, кој ќе изгледа совршено цел ден.