Со сигурност може да претпоставите дека кремот за раце е еден од најбараните бјути производи за време на пандемија. Сепак, покрај сите производи за раце, листата вклучува и производи за домашен маникир, бои за коса, но и некои помалку очекувани производи. Ако сакате да дознаете кои производи за убавина се со најголема побарувачка за време на пандемија – прочитајте во продолжение!
Најпродавани бјути производи за време на пандемија!
#1 Сè за домашен маникир!
Затворањето на салоните за убавина ги остави повеќето жени кои ги доверуваа своите нокти на професионалци, во очај! Но, затоа тука се домашните комплети за траен лак, UV / LED ламби, обични лакови, турпии и сите производи со кои можеме да постигнеме барем приближен салонски ефект. Козметичките комплети за траен лак ширум светот се продаваат дури 8 пати повеќе.
#2 Креми за раце!
Ова сигурно го очекувавте, бидејќи многу почесто ги миеме рацете и ги дезинфицираме со гелови и алкохол! Најголема побарувачка има кај медицинските креми за раце, но и за кремите со shea путер.
#3 Домашни апарати за третман на лицето!
Дерма ролери со игли, jade ролери, micro-needling домашните уреди неколку пати ја зголемија продажбата во однос на истиот период од минатата година! Ова целосно е разбирливо, имајќи предвид дека салоните за убавина се затворени, а единствениот начин да добиете професионален третман на лицето е да го направите сами дома!
#4: Бои за коса!
Ако досега бојата на вашата коса ја доверувавте само на фризерите, сега е време да ги совладате основите на самостојното боење на косата! Во таа смисла, побарувачката на бои за коса скокна дури 600% на глобално ниво. Сепак, бидете внимателни со домашното боење и не пробувајте различни нијанси од вашата моментална боја.
#5 Производи за женска хигиена!
Општата гужва околу складирањето влијаеше врз жените да се снабдуваат со производи за женска хигиена како што се: влошки, тампони, производи за интимна нега, а нивната продажба порасна за три пати!
#6 Производи за SPA нега!
Жените многу сериозно ја сфатија глобалната парола #ОстаниДома и се снабдија со сите производи за домашен SPA третман: пилинзи, миризливи соли, свеќи… Дали и вие сте меѓу нив?
#7 Додатоци на имунитет!
Иако е потврдено дека превентивното внесување на суплементи не помага во борбата против корона вирусот, луѓето ширум светот масовно продолжуваат да се снабдуваат со витамини, во надеж дека ќе избегнат зараза. Додатоци во исхраната засновани на спирулина се со зголемена побарувачка од дури 200%. Само да ве потсетам: суплементите се добри за вашето тело и имунолошкиот систем, но тие НЕ ве прават поотпорни на корона вирусот.