- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако не сте љубителка на шминкањето, тогаш сигурно сте се запрашале што можете да направите за вашата убавина, односно да постигнете одреден бјути изглед без користење на производи за шминка. За среќа, имам неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат да добиете блескав, беспрекорен тен, сето тоа без течна пудра! Следниве 10 трикови за убавина ќе ви помогнат да изгледате убаво, дури и ако не се шминкате!

Еве како да постигнете блескава и здрава кожа без шминка:

# 1 Крема која дава блескавост!

Ако можам да издвојам еден мејкап тренд на кој сите се придружија, тоа е блескавата – dewy кожа. Ова може да го постигнете и без помош на течна пудра или хајлајтер. Пронајдете крем за лице што дава блескав, сјаен тен со помош на состојки како што се витамин Ц, ретинол, гликолна киселина.

# 2 Користете пилинг!

Ако не ви се допаѓа да се шминкате, тогаш мора многу повеќе да вложите во нега на кожата за да имате беспрекорна кожа. Користете пилинг за лице кој ќе ги отстрани наслагите на мртвите клетки и ќе ја открие посакуваната посветла и измазнета кожа. Вашата кожа ќе биде мека како бебешката, блескава и младешка!

- Реклама -

# 3 Користете виткач за трепки!

Не ви треба маскара за да ги направите вашите трепки да изгледаат одлично. Отворете го погледот со закривување на трепките со помош на виткач за трепки. Ова визуелно ќе го отвори окото и ќе го истакне за само неколку секунди!

# 4 Зграбете го вазелинот!

Обичен вазелин е кралски производ за убавина што може да се користи на повеќе начини. Наместо да користите сјај за усни, нанесете малку вазелин на усните. Истото може да го направите и со очните капаци за да го постигнете трендовскиот glossy eyelids ефект. Можете да го натапкате на образите наместо хајлајтер!

# 5 Маските за лице се ваш адут!

Ако барате друг начин за да и дадете блескавост на вашата кожа, маските за лице се добар избор. Изберете ја онаа со средства за прочистување како глина и активно масло ако имате мрсна кожа. Овие состојки ќе ја извлечат нечистотијата, себумот и честичките од нечистотија, оставајќи ја кожата чиста и блескава во еден миг!

# 6 Користете масло за лице како хајлајтер!

Постојат многу начини да го имитирате ефектот на хајлајтер на вашето лице без никаква шминка, а еден од нив е масло за лице! Нанесете минимална количина на масло на местата на кои нанесувате хајлајтер, како што се јаболкниците на образите, врвот на усните и врвот на носот. Маслената формула ќе ви даде природна луминисценција на лицето.

# 7 BB кремите не спаѓаат во шминка!

Понекогаш, колку и да ја избегнувате шминката ќе посакате минимално изедначен тен. Затоа изберете хибриден производ кој ги комбинира ефектите на блага покривна моќ и нега на кожата – тоа е BB кремата! Дури и ако не ја поднесувате шминката, мислам дека ќе го засакате овој производ!

# 8 Користете антирид!

Имате темни кругови околу очите или вреќи под очите, а не сакате да посегнете по коректор! Во вашата рутина за убавина воведете го одличниот антирид кој ќе ги реши оние несакани вреќи под очите, темните кругови и надуеност на очните капаци.

# 9 Минимизирате ги порите со крем!

Ако можеби не сакате да користите прајмер за да ја намалите видливоста на порите, постојат креми кои всушност можат да ви помогнат во тоа, а честопати во своето име го содржат зборот „блур“. Изберете такви силиконски креми кои ќе ги наполнат сите пори и неправилности на кожата, оставајќи ефект на прајмер!

# 10 Користете серум за лице!

Уште еден трик за да и дадете природен сјај на вашата кожа! Користете серум за лице! Правиот серум може да ви ја даде посакуваната блескавост на лицето. Изберете ги оние кои содржат состојки како витамин Ц, витамин Е, зелен чај и антиоксиданти, кои се природни бустери за блескав изглед на кожата!