На Инстаграм следиме многу артисти за нокти кои создаваат маникир со уметнички елементи на ноктите. Бидејќи сме големи љубители на убавината и модните трендови, маникирот претставува совршена алатка за изразување. Затоа, секој ден симнуваме фотографии од Инстаграм од се што ни се допаѓа за да можеме да ги искористиме во оние денови кога ќе останеме без инспирација. Секој пат кога посакуваме нешто убаво, различно или модерно на нашите нокти само се упатуваме во некој од омилените салони за нокти, покажуваме една од фотографиите што сме ги зачувале и само се релаксираме додека експертите го креираат нашиот следен маникир. Еден од профилите кој отсекогаш е во моите топ три омилени е креиран од Hang Nguyen.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤ Hang Nguyen ❤ (@thehangedit)

Hang Nguyen создава маникири кои ги обожаваат познатите дами како Kate Hudson!

Заедно со Iram Shelton, Betina Goldstein, Andréa еден од профилите што ме инспирира е @thehangedit. На овој профил во секое време можете да најдете нешто интересно бидејќи секој нејзин маникир привлекува внимание. Нејзините маникири не се здодевни и секогаш имаат фактор на изненадување. Покрај тоа, таа сака откачен и малку поинаков накит кој секогаш го придружува нејзиниот весел маникир. Зад профилот стои Hang Nguyen која собрала дури 238.000 следбеници благодарение на своите имагинативни маникири.

Таа не е само експерт за маникир, туку и уметник, па нејзините креации често го премостуваат јазот помеѓу маникирот и уметноста благодарение на прецизните детали, острите линии и имагинативните дизајни. Во последните шест години, додека го има својот профил @thehangedit на Инстаграм, таа стана мајка на три деца, претставена е во бројни публикации како што се Allure и Vogue Italia, работеше со познати личности како Kate Hudson и Maddie Ziegler и создаде некои сопствени производи за маникир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤ Hang Nguyen ❤ (@thehangedit)

- Реклама -

Најубавите маникири од нејзиниот профил!

Во продолжение можете да влезете во светот на Nguyen и да пронајдете некои од најубавите маникири од нејзиниот профил.

manikiri na Instagram

Najubavite manikiri na Instagram

Instagram Hang Nguyen thehangedit

Najubavite manikiri

Najubavite manikiri na Instagram

Hang Nguyen thehangedit

thehangedit

Hang Nguyen

Najubavite manikiri

Najubavite manikiri na Instagram Hang Nguyen thehangedit

manikiri na Instagram Hang Nguyen thehangedit

Hang Nguyen thehangedit

thehangedit

Najubavite manikiri na Instagram

Najubavite manikiri

manikiri na Instagram