- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот Kenzo лансира нов мирис Kenzo World Power Eau de Toilette, нова верзија на Kenzo World Power од 2019 година, креиран како мирис на различност и слобода. Првиот мирис на оваа мирисна линија е парфемот Kenzo World од 2016 година, а во меѓувреме беа лансирани неколку верзии на овој популарен женски мирис.

Интимен, но моќен мирис!

Новиот женски мирис Kenzo World Power носи единствена порака – „твоја приказна, твоја моќ“. Опишан е како интимен, но моќен мирис, како соленкасто цветна композиција на „втора кожа“. Жолто ситните цветови на ароматичниот цвет смил, растение што расте на песокливи планински ливади се меша со соленкасти и пудрести акорди и слатки и опојни нота на тонка.

Kenzo World Power е достапен во шишиња од 30, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -