- Реклама -

Новото мирисно дуо од колекцијата L’Eau Kenzo на модната куќа Kenzo ќе биде лансирано во почетокот на 2020 година како L’Eau Kenzo Hyper Wave. Новото мирисно дуо е посветено на „љубителите на слободата и живописните авантури“. Мирисните композиции кои доаѓаат во пар ги создадоа парфимерите Olivier Cresp и Alexandra Monet како лесни, разиграни и блескави.

L’Eau Kenzo Pour Femme Hyper Wave

Женското мирисно издание L’Eau Kenzo Pour Femme Hyper Wave се заснова на мирисни ноти на цвет од лотос, надополнети со ноти од цвет од портокал и розов грејпфрут. Новиот женски мирис е најавен како ултра свежа химна за животот и младоста.

L’Eau Kenzo Pour Homme Hyper Wave

Машкиот L’Eau Kenzo Pour Homme Hyper Wave е мирис на морски ароми во комбинација со цитрус и мов. Тој е посветен на храбрата и разиграна младост како модерен воденест и ароматичен мирис.

- Реклама -

L’Eau Kenzo Pour Hyper Wave изданијата ќе бидат достапни во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -