Kenzo претставува две колекционерски изданија Kenzo World и Kenzo World Power, декорирани со тигрести и принтови од леопард. Новите креации потсетуваат на култните изданија на брендот Kenzo и нивниот животински стил од 90-тите години.

Kenzo World Collector

Неодолив и див! Женскиот мирис Kenzo Power Collector е компониран од овошја, цветови и ориентални ноти. Божурот и малината ја отвораат мирисната композиција, проследени со египетски ноти на јасмин во срцето на мирисот. Основата дава балсамична топлина со комбинирање на labdanum и ambroxan. Мирисот Kenzo World Collector го креираше парфимерот Francis Kurkdjian.

Kenzo World Collector е достапен во шишиња од 50 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -

Kenzo World Power Collector

Сладок и солен! Kenzo World Power Collector е модерен мирис со изненадувачки соленкасти, ароматични нијанси во срцето и слатка чоколадна нота на тонка во основата. Новиот женски мирис Kenzo World Power Collector го креираше Francis Kurkdjian.

Kenzo World Power Collector е достапен во шишиња од 50 мл, како Eau de Parfum.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име