- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мастер парфимерот на Guerlain, Thierry Wasser најави нова варијација на легендарниот парфем Shalimar, верен на духот на оригиналното издание, ре-оркестриран за да ја нагласи својата убавина во ново светло. Новиот Shalimar Philtre de Parfum во препознатливото шише ќе ја задржи нежната варијација полна со кадифени нијанси.

Градините на љубовта!

Новата мирисна креација брендот Guerlain ја опишува со потсетување дека „Shalimar е инспириран од приказната за интензивната љубов меѓу шахот Jahan и неговата сопруга Mumtaz Mahala, која го обожаваше Gardens of Shalimar или градините на љубовта по кои е именуван мирисот“.

Како рафиниран напиток што предизвикува зависност!

Shalimar, што значи „Храм на љубовта“, засекогаш ја симболизира суштината на желбата, ветувањето за вечна љубов. Митот продолжува со Shalimar Philtre de Parfum, парфемска вода која со својата сензуалност е поврзана со оригиналниот мирис Shalimar. Многу нежната варијација благодарение на кадифените, пудрести ноти, како рафиниран напиток што предизвикува зависност.

- Реклама -

Креација на ароми кои воедно се нежни и многу зависни!

Мирисната композиција на Guerlain Shalimar Philtre de Parfum е креирана за да ги потенцира кадифените, пудрестите ароми кои воедно се нежни и многу зависни. Композицијата се отвора со сојуз на лаванда, лимон и бергамот кој зрачи со свежина и кремасти, смирувачки ароми. Во срцето доминираат пудрестите нијанси на ирис, комбинирани со раскошен букет од јасмин и рози загреани со пачули и нежна и сензуална ванила, состојки клучни за сите изданија на Shalimar.

Shalimar Philtre de Parfum е достапен во шишиња од 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.