- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ве збунуваат декларираните концентрации на мирисите? Чист парфем, парфемска вода, тоалетна вода… Што да одберете?

За правилен избор на мирис не е доволно само да ви се допаднат неговите почетни мирисни ноти. Важно е да знаете за која прилика го купувате и за кое годишно време ќе го употребувате мирисот! Непишано правило за дневно излегување и во потоплите месеци да се употребуваат мириси со посвежи ноти, додека за вечерно излегување и во постудените месеци да се употребуваат мириси со поинтензивни ноти.

Сите мириси се состојат од мирисливи масла, вода и алкохол. Тие се разликуваат по концентрацијата на миризливи масла што ги содржат.

Parfum extrait

Parfum extrait познат како чист парфем содржи најголема концентрација на миризливи масла, вообичаено од 20% до 30%, но понекогаш и повеќе. Чистиот парфем е разреден со високо квалитетен алкохол од 96%. Може да го набавите како парфем од 7,5 до 15мл.

- Реклама -

Неговиот мирис е многу интензивен, долготраен и многу време ќе се задржи на вашата кожа. По правило, само оваа мирисна концентрација дава комплетна претстава за моќта на парфемот. Неговата висока цена компензира со задоволството од неговата примена.

 

Eau de Parfum

Eau de Parfum или парфемска вода е најпопуларна парфемска концентрација затоа што е идеална во поглед на цена и квалитет. Концентрацијата на парфемскиот екстракт е доста висока и се движи од 15% до 20% миризливи масла во 90% алкохол. Цената е помала, но количината е поголема. Може да го набавите како парфемска вода од 30 до 100мл.

Кај повеќето компании парфемската вода е највисока концентрација, бидејќи производството на чисти парфеми е многу скапо, а пазарот на парфеми ги диктира своите барања. Вообичаено парфемската вода се произведува во спреј, што е практично за употреба и патување.

Eau de Toilette

Eau de Toilette или тоалетната вода содржи од 5% до 15% миризливи масла во алкохол од 80% до 90%. Некои мириси се произведуваат само во оваа концентрација.

Тоалетната вода поради помалата концентрација на мирисливи масла во споредба со парфемот или парфемската вода, одговара за секојдневна употреба, особено за дневно излегување. За вечерно излегување, сепак, подобро е да се има поконцентрирана верзија на мирисот.

Eau de Toilette for men

Eau de Toilette for men  или тоалетни води за мажи, вообичено е со поконцентрирана формула од тоалетната вода за жени и е слична на концентрацијата на парфемската вода. Тоа по правило беше најголема концентрација која ја имаат машките мириси, но новите светски трендови кај производителите е промоција на парфемски води за мажи.

Eau de Cologne

Eau de Cologne или колонска вода по правило има најниска концентрација на миризливи масла, околу 2% до 4% во алкохол од 70%. Но, ова не важи за американските производи на мириси, бидејќи кај нив колонска вода значи концентрација на парфемска вода.

After Shave Losion

After Shave Losion или лосион за после бричење не содржи повеќе од 3% миризливи масла. Обично се користи пред да се нанесе мирис и не треба да се користи како замена за парфем, бидејќи неговиот мирис не е долготраен.