Magnolia Bliss пристигна во нашиот град!
После официјалното претставување на парфемот Magnolia Bliss во познатото кафуле-градина во Скопје – Leaf Cafe, настанот продолжува да фасцинира со својата приказна. Во главна улога, парфемот на брендот Juliette has a gun – Magnolia Bliss, кој се промовира во вистински лидер на „современите хипици“ повикувајќи ги на слобода и толеранција.
Погледнете дел од атмосферата на нашето видео од магичната вечер!
Според реакциите на бјути ентузијастите на социјалните мрежи, лансирањето на парфемот Magnolia Bliss дефинитивно ќе биде настан за кој долго ќе се зборува. Затоа, креиравме промотивно видео за настанот за да имате увид од прва рака што се случуваше таа пријатна вечер.
Накратко, тоа беше прекрасно дружење во боите на Magnolia Bliss парфемот, со коктел забава и арома на магнолија што лебдеше во воздухот, како нотите да излегуваат од грамофонска плоча, мешајќи се со мирисните ноти на бергамот и слива.
Прекрасно, ќе се согласите и вие?
Дали би го пробале? Дали ќе ви се допадне Magnolia Bliss? Во FABUspot и Cosmo парфимериите можете да се препуштете на уникатниот мирисен бленд на Magnolia Bliss, парфем кој асоцира на уживање во животот, луди забави и авантури!
View this post on Instagram