„Таму каде што е светлината, таму е животот. Таму каде што е сонцето, таму е енергијата“.
Bvlgari Man ги поместува границите и не носи на мирисно патување со Bvlgari Man Wood Neroli. Со колекцијата Bvlgari Man, брендот раскажува приказна за поврзаноста на човекот со светот, создавајќи сензорно искуство околу инстинктите и суптилната рамнотежа меѓу човештвото и елементите.
Мирис инспириран од медитеранското наследство на Bvlgari!
Мирисната колекција оддава почит кон италијанските корени на Bvlgari, преставувајќи ново поглавје во нарацијата која што започна со Bvlagari Man Wood Essence. Инспириран од дивата страна на италијанското крајбрежје, мирисот Bvlgari Man Wood Neroli ја зема земјената страна на Bvlgari Man Wood Essence и ја врти кон сонцето, дополнувајќи ја линијата со светлина со цел да се создаде нова свежа врска помеѓу човекот и природата.
Мирис кој ги соединува дрвото и светлината!
Да се создаде мирис кој ги соединува дрвото и светлината, мастер парфимерот Alberto Morillas се фокусира на моментот кога медитеранското сонце го загрева горчливото дрво од портокал и на тој начин успева да го поврзе човекот со неговата најчиста и најсуштинска вредност. При изработката на мирисот Alberto Morillas има визија на човек во природата кој цврсто стои со двете нозе на земја, неговата кожа се топли на сонцето, а тој се поврзува со земјата и небото – но над сето тоа се поврзува со себеси.
Мирис на брилијантниот нероли!
Светлината е живот, тоа е една од најмоќните сили на природата, без разлика дали се наоѓа во срцето на природата или во градот кој постојано е во движење. Wood Neroli мирисен омаж за виталноста, со средни и топ ноти кои го доловуваат мирисот на цвеќињата, дрвјата и гранките на горчливото дрво од портокал. Bvlgari Man Wood Neroli се отвора со мирис на брилијантниот нероли. Свеж, цветен, со сончева енергија, каде се чувствува присуството на сол и бергамот, мирис кој го носи поблиску Медитеранот. Во срцето на парфемот се белиот мошус кој всушност е потпис на брендот. Нежни, сензуални и кристални ноти, кои го носат луксузот на вашата кожа, правејќи да се чувствувате пријатно.
Шише – талисман кој е врска помеѓу природата и урбаните пејзажи!
Шишето на парфемот ја покажува суровата и силна страна, тоа е комбинација на металик и злато, сончева енергија, своевиден моќен талисман кој е врската помеѓу природата и урбаните пејзажи.
Со мирисна структура што го користи секој дел од горчливото дрво од портокал, Bvlgari Man Wood Neroli е метафора на човекот и неговите суштински аспекти. Корените на дрвото се неговото сидро, стеблото е неговото тело, гранките, лисјата и плодовите ја симболизираат неговата аура.