Време е да им кажеш збогум на вештачките трепки! Зошто? Затоа што новата маскара на Max Factor, наречена False Lash Effect XXL го постигнува ефектот на вештачки трепки без оштетување на вашите природни трепки. Маскарата драматично ги волуменизира и издолжува трепките, така што нема да им верувате на очите!
View this post on Instagram
Формула за визуелно издолжување на трепките!
Маскара False Lash Effect XXL е иновативен производ за кој брендот Max Factor разви нова Full Strech патентирана технологија, создавајќи ефикасна формула со високи перформанси за визуелно издолжување на трепките.
Екстра волумен, екстра полни и неверојатно издолжени веѓи!
Покрај неверојатното издолжување, маскарата овозможува и екстра волумен и отпорна е на размачкување и создавање на грутки. Самата формула дозволува нанесување во повеќе слоеви, така што најдобар ефект се постигнува по нанесување на дополнителен слој на маскара, секако после сушењето на претходниот слој. Маскарата е со 100% вегански пигмент кој не се размачкува, но сепак е многу лесна за отстранување. Затоа, препорачана е за чувствителни очи и за оние кои носат контактни леќи!
Четка во форма на песочен часовник!
XXL маскарата е дизајнирана со четка во форма на песочен часовник и влакненца паметно распоредени за да овозможат беспрекорно нанесување и ефект на обвиена и прегрната трепка, секоја поединечно за XXL издолжување на трепките со максимален волумен.
Уникатната формула на маскарата е создадена под критериум за грижа кон околината, направена без мирис, минерални масла и талк.
Најголема маскара направена досега!
Оваа макара е дел од големото семејство False Lash Effect и воедно маскарата XXL е најголемата направена досега со 13.1 мл од формулата.
6 причини за XXL!
#1 Флексибилен слој кој може да се надоградува и кој се прилепува за трепките!
#2 Полиакрилен полимер кој апсорбира вода!
#3 Четка со влакненца кои додаваат должина на трепките!
#4 Видливо издолжени трепки со Full Strech формула која ги продолжува врвовите на трепките!
#5 Формула без мирис, минерални масла и талк!
#6 Препорачана за чувствителни очи и за оние кои носат контактни леќи!