Чистата убавина или „природната убавина“ е движење кое стана вирално. Овозможувајќи да се грижите за себе и за планетата, чистите производи за убавина сега привлекуваат се повеќе и повеќе љубители на шминката, загрижени за здравјето на нивната кожа. Во срцето на чистата убавина се наоѓаат три клучни вредности: транспарентност, природно потекло и еколошка одговорност.
Поради тоа Bourjois ја збогати Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата, со три нови производи. Тие овозможуваат да бидете убави, додека подобро се грижите за себе и за природата.
Healthy Mix Clean & Vegan фамилијата расте со три нови производи!
Прајмер! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Primer
Дали соодветно го подготвувате лицето за нанесување на шминка? Пронајдов многу значаен производ за шминкање, основа за лицето од која се започнува.
Новиот Healthy Mix Clean & Vegan прајмер, навистина е многу потребна база за шминка, за природно сјаен тен! Овој прајмер ја корегира и подобрува текстурата на кожата и ја подготвува за нанесување шминка. Истовремено ја продолжува нејзината долготрајност.
Healthy Mix Clean & Vegan прајмерот е составен од состојки од природно потекло. Благодарение на природната и чиста формула на оваа веганска подлога, збогатена со витамините Ц, Е и Б5, ќе уживате во хидратација, удобност и долготрајност.
Прајмерот доаѓа во една универзална нијанса која се прилагодува на сите тонови на кожа за беспрекорен завршеток.
И вие можете да ја откриете тајната на природно убавиот тен преку оваа веганска подлога која го сублимира вашето лице со едноставен гест.
Коректор! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Concealer
Сакате да ги избришете сите знаци на замор? Во потрага сте по коректор кој совршено ќе се вклопи со вашата кожа и веднаш ќе ги елиминира знаците на замор?
Новиот хидратантен коректор Healthy Mix Clean & Vegan со неговата течна текстура многу успешно ги покрива темните кругови, знаците на замор и несовршеностите на лицето. Воедно дава блескав тен на кожата.
Вегански и чист, коректорот е направен од состојки од природно потекло. Благодарение на комплексот од витамини Ц, Е и Б5, коректорот Healthy Mix Clean & Vegan обезбедува сјаен, блескав изглед на кожата и гарантира хидратација до 24 часа.
Компактна пудра! Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying Compact Powder
Дали ви треба мејкап производ кој ќе го избрише заморот од вашето лице и ќе ви даде свежина на кожата на лицето?
Ви ја откривам Healthy Mix Clean & Vegan Natural Mattifying компактната пудра која на неверојатен начин ги брише сите знаци на замор!
Природната компактна, матирачка пудра со чиста и веганска формула е составена од состојки од природно потекло. Неговата екстра-мека текстура ги матира и прикрива несовршеностите за сјајно свеж тен.
Комплексот од витамини Ц, Б5 и Е придонесува природната компактна пудра за матирање да ја продолжи издржливоста на шминката со видлив ефект против замор во текот на целиот ден.
Благодарение на вграденото огледало и сунѓер кои се вклучени во пакувањето – под природниот матирачки прав, компактната пудра можете да ја носите секаде со себе. Практично ќе го имате овој бесценет мејкап производ секогаш во вашата чанта!