- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ви ја претставувам новата тонирана крема од брендот Bourjois, Healthy Mix Clean Tinted Beautifier.

Жените од Париз никогаш не прават компромис кога станува збор за убавина и производи за убавина. Ги бираат и ги користат само најдобрите производи кои докажано се добри за нивната кожа.

Healthy Mix Tinted Beautifier visual

Разубавувач без компромис!

Некои денови посакувате неприметна шминка, природен и здрав изглед за да се чувствувате добро и да изгледате супер! Вашата цел да ги замаглите несовршеностите, да ја осветлите и измазните кожата за постигнување на неверојатен тен, дури со едно нанесување, сега можете да го постигнете со новата тонирана крема Healthy Mix Tinted Beautifier.

Bourjois Healthy Mix Clean Tinted Beautifier!

Со самото нанесување на тонираната крема, кожата изгледа свежо, здравиот изглед и ефектот против замор на лицето веднаш е видлив. Тенот е изедначен, а со тоа тонот на кожата драстично е подобрен.

- Реклама -

Разубавувачот од Bourjois е со лесна до средна покривност, со 24 часовна долготрајност и кожата ја прави нежна и хидрирана.

bourjois parisian girl

Чиста формула без минерални масла!

Можете да изберете една од нијансите која сигурно најмногу ќе одговара на вашиот тен и сигурно ќе уживајте додека ја носите. Формулата на Healthy Mix Clean Tinted Beautifier со состојки од природно потекло ја почитува природната рамнотежа на кожата. Тонираната крема која е збогатена со кокосово масло и витамини Ц и Е, овозможува овој разубавувач да обезбеди 24-часовна хидратација и да го подобри квалитетот на кожата за само неколку недели редовно користење!

Healthy Mix Tinted Beautifier color palette

Прецизно и лесно нанесување!

Инспирација за дизајнот на тонираната крема е од Париските девојки кои секогаш се елегантни. Прецизниот апликатор на пакувањето и течната текстура обезбедуваат прецизно, лесно и брзо нанесување на тонираната крема Healthy Mix Clean Tinted Beautifier. Дизајнот со црвеното капаче идеално се вклопува во семејството на Healthy Mix производите.

Healthy Mix Tinted Beautifier package

Пакувањето е составено од рециклирачки материјали!

Конечно, пакувањето на новата тонирана крема Healthy Mix Clean Tinted Beautifier претставува почит кон животната средина со амбалажата направена од 48% рециклирана пластика.

Celan products