Првата мирисна дијамантска трилогија на KKW Fragrance Diamonds By Kourtney X Kim X Khloe беше претставена во октомври 2019 година, прославувајќи ја убавината и чистотата на дијамантите со три женски мирисни композиции спакувани во форма на дијаманти во жолта, сива и розова боја.

Сега брендот KKW Fragrance претставува три нови женски мириси – KKW Diamond II, мириси инспирирани од скапоцените камења: рубин, смарагд и сафир. KKW Diamonds II by Kourtney x Kim x Khloe  се длабоки и смели скапоцени камења што го отелотворуваат духот на безвременскиот гламур.

Kourtney Ruby Diamond

Руби – Kourtney Ruby Diamond има ноти на огнен црвен ѓумбир кој го исполнува впечатливиот раскош на руби орхидејата за отворање на мирисот што зачудува од самиот почеток. Во срцето на мирисот доминира заводливата моќ на црвено обоени латици од роза која е пресечена со неочекуваната живост на страствените Pimiento пиперчиња. Австралиското сандалово дрво е измешано со раскошното богатство на црвен јасмин и ванила за мирис што ќе ве маѓепса.

- Реклама -

Мирисот Kourtney Ruby Diamond е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

Kim Emerald Diamond

Смарагд – Kim Emerald Diamond мирисот е облечен во заслепувачка зелена нијанса и е примамлив, сензуален и луксузен. Се отвора со чиста убавина на италијанските зелени мандарини и егзотичните зимзелени растенија кои се рефлектираат наспроти сјајот на ретката дијамантска орхидеја. Белото цветно срце е спротивставено на извонредните остри акорди на лисјата од мелени темјанушки завиткани во блескаво топло хиноки дрво, богато со бензоин и нектар од цвет од портокал за долготраен финиш, исто толку опоен како жената што го носи.

Мирисот Kim Emerald Diamond е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

Khloe Sapphire Diamond

Сафир – Khloe Sapphire Diamond е мирис со волшебна убавина накитена со етерична елеганција и сјај. Светлото отворање на италијанската мандарина, морското ветре и кристализираните боровинки ја отсликуваат мистериозната аура на нејзината длабока сина сенка. Цветното срце зашеметува со зависноста на дрвото Вистерија и се судира со белите латици од роза и колачот Panettone, проследени со ванила, сандалово дрво и кремасти тонка зрна.

Мирисот Khloe Sapphire Diamond е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

Каде може да се порачаат?

Новата мирисна колекција KKW Fragrance Diamonds II by Kourtney x Kim x Khloe може да ја порачате на официјалната веб-страница на KKW Fragrance и ќе биде достапна од 18.09.2020 година.