- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Свет на средби! Chloe Nomade

Chloe жената со себе носи слобода и непроменлива природна елегантност. Самоуверена, инспиративна, таа цвета низ нејзините искуства и средби, докажувајќи која е таа без да се наметнува на било каков начин. Оваа внатрешна сила ја води кон тоа да ја прифати различноста. Нејзиниот поглед се насочува кон други хоризонти, нејзината енергија ја турка кон нови ликови…

Номад, исто како неа!

Соочувајќи се со непознатото, таа ги отелотворува сите можности на светот околу неа. Мирис кој ја дефинира секаде каде што оди, на секое место каде што патува. Парфем создаден за нејзиниот карактер… Номад, исто како неа.

Нов и свеж изглед за нови перспективи!

Gaby Aghion, основачката на Chloe, велеше: “Моите бои доаѓаат од Египет”

- Реклама -

Nomade ја буди оваа визија за бегство. Парфем кој го доловува духот на едноставната елеганција, на самоувереност комбинирана со слобода која го дефинира духот на Chloe. Овој нов мирис ја евоцира визијата за слобода и потребата за бегство. Тој ги опишува карактеристиките на жена чија судбина се отвора на бесконечно патување обоено од нови хоризонти. Нов и свеж изглед, нови перспективи го дефинираат овој нов мирис и ја истакнуваат привлечноста на оваа жена која е во потрага по авантури.

Олицетворение на слободата!

Мешавина од нежност и моќ, нотите на овој моќен цветен chypre мирис дуваат како ветровите на слободата. Интензивниот и минерален карактер на дабовата мов е обвиткан во сензуалната слаткост на mirabelle сливата. Од оваа свежина се истакнува и сензацијата на цветната луминисценција која ги носи фрезијата.

Овие природни состојки собрани од страна на парфимеристот Quentin Bisch, се нагласени од освежувачки хармонии, исто како и чувството на побегнување, тие инспирираат.

Шишенце кое инспирира!

Заобленото шишенце носи нежност која е во спротивност со графичките линии на грлото на шишенцето. Проѕирно шишенце кое повикува на патување, со капаче со сјајни рефлексии, а околу него во јазол заврзана розова машна. Пакување исто како скапоцена кутија, во розова боја со златни украси.

 

Муза!

Родена во Атина, со живеалиште во Лондон, француската актерка Ariane Labed ја прикажува Nomadе жената, авантуристка со бесконечни хоризонти. Нејзината коса која се вее на ветрот, нејзиното лице обоено во боите на изгрејсонцето, нејзините чекори кои го сечат воздухот, водени од слободата што ја анимира. Каде и да оди, таа е носена од ова непрекинато движење кое ја носи во ритамот на сегашниот момент. Оваа жена со нејзиниот номадски идентитет, се гледа себеси во очите на светот.