Влажните марамчиња за отстранување на шминка не ја чистат кожата!
Многу експерти од индустријата за убавина се согласуваат во една работа – производите како влажни марамчиња или употреба на само мицеларна вода што многумина ги користат за отстранување на шминката не ја чистат доволно кожата. Наместо нив советуваат метод на двојно чистење што вклучува производ за отстранување шминка базиран на масло, а потоа и производ за измивање на лицето што дефинитивно ќе го исчисти вашето лице.
Британскиот дерматолог Timijo Eshio на практичен начин покажа колку влажните марамчиња се неефикасни!
Бидејќи многумина сè уште се склони за да ги користат гореспоменатите производи, како што се влажните марамчиња, британскиот дерматолог Timijo Eshio ги искористи социјалните мрежи засекогаш да покаже зошто чистењето на шминката со влажни марамчиња во никој случај не е добра опција. Во видеото кое го сподели на Инстаграм тој користи пудра што ја нанесува преку кората од мандарина, а потоа демонстрира што се случува кога преку кората ќе поминеме со влажно марамче. Претпоставувате, производот остана во порите на кората, исто како што останува на вашето лице. Во продолжение можете да го погледнете целото видео.
View this post on Instagram