- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веројатно сте чуле за водоотпорни маскари, па дури и fiber маскари, но колку ви е познат „tubing“ типот на маскари? Овој производ во последно време доби големо внимание во мејкап светот. Ако сè уште барате совршен тип на маскара, можеби „tubing“ маскарата може да биде решението за вас!

Што е „tubing“ маскара?

Маскарата „tubing“ се разликува од традиционалната формула за маскара по тоа како ги обвиткува трепките. Класичните маскари ги покриваат трепките со пигмент за да ги затемнат и издолжат, но „tubing“ маскарата ги обвиткува трепките со полимери – „цевчиња“ од црн пигмент. Замислите го ова како мала црна „јакна“ за вашите трепки која е отпорна на сè. Овој вид на маскара популарен е во Јапонија со години, а од пред неколку години може да се најде низ целиот свет како „must-have“ маскара.

Маскарите „tubing“ се совршени дури и ако имате проблем со ронење на маскарата под очите. Замислете ја како турбо верзија на најдобрата водоотпорна маскара, но со лесно отстранување! Маскарата „tubing“ се отстранува само со топла вода и мека фланелна крпа.

Ако „tubing“ маскарите се толку одлични, зошто не ги користат сите? Општо земено, процесот на обвиткување на трепките со полимери е одличен за издолжување, но традиционалните пигментирани формули на маскари се подобри за надградба на волуменот.

- Реклама -

Каков е ефектот на „tubing“маскарата?

Резултатот по нанесување на „tubing“ маскара е флексибилен изглед на трепките, кој не се размачкува или се рони под очите. За разлика од водоотпорните маскари овој тип на производ најдобро се отстранува со мека фланелна крпа и топла вода. Класичните маскари содржат пигменти и восок кој се нанесува на трепките. Тие можат да бидат хидрофилни кои ја сакаат водата и лесно се отстрануваат или хидрофобни, односно не ја сакаат водата што ги прави водоотпорни.

Кога станува збор за „tubing“ маскарите тие создаваат полимери во форма на цевки околу секоја трепка, кои можат да се отстранат со топла вода или маслен отстранувач. Кога ќе ја отстраните оваа маскара ќе забележите дека всушност отстранувате мали цевчиња, односно влакненца.

Како се нанесува „tubing“ маскара?

Кога нанесувате „tubing“ маскара нема да ви бидат потребни повеќе слоеви, како што е случај кога ставате класична маскара. Трикот е четката да ја потпрете што е можно поблиску до коренот на трепките и со цик-цак движења ја повлекувате четката нагоре. „Tubing“ маскарата е создадена за да ја обвитка секоја трепка поединечно, давајќи прецизна дефиниција од коренот до врвот.

Како да знаете дали вашата маскара е „tubing“ маскара?

Ова е прилично едноставно – како што напоменав овој тип на маскара содржи полимери кои ја обвиткуваат секоја трепка. За да утврдите дали одредена маскара е од типот „tubing“, едноставно погледнете ја листата на состојки. Ако најдете полимери во составот – веќе користите „tubing“ маскара!