Брендот Versace има ориентална мирисна приказна чии главни актери се Oud Oriental за жени и Oud Noir за мажи. Versace ги соединува машкиот и женскиот мирис преку интензивен и афродизијачки мирисен потпис на кожа и таканареченото “течно злато” или Оуд масло, кое е смола од агарово дрво.
Креаторите на овие мириси се базираа на интензивните дрвенести ноти, допрени со опојни женствени цветови во комбинација со зачини и силна трага на кожа со цел да се донесе мистиката на Блискиот Исток.
Versace Pour Femme Oud Oriental е женствена мирисна приказна од Ориентот, сончана, луксузна, згодна и сензуална. Раскошната мирисна композиција се отвора со ориентални ноти на роза, која е истакната со шафранот и фрезијата. Срцето на мирисот е пудресто, женствено и меко од пачулито, кое ги наследи интензивните ноти на оудот и кожата преплетени со крем од ванила и сандаловина. Versace го истакнува трендот на златната боја во новото шише, кое е со препознатлива форма, потполно покриено со златна боја.
Versace Pour Homme Oud Noir лансиран е како опозит на женскиот мирис. Тоа е мирис за мажи, за сите љубители на ориентални мириси, за мажи со силна личност. Тој има интензивна мирисна композиција, зачинета со мирисот на кожата, испреплетени со нотите на оудот и зачинети со горчлив портокал, нероли и црн бибер.