- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Од Maybelline ни пристигнува маскара за ново тотално искушение за убавина. Пастелно портокалово пакување со црни детали, сосема различно од Maybelline маскарите што досега ни се познати. Истото важи и за внатрешноста, за формулата… Зошто?

Текстура и формула!

Текстурата на новата Maybelline Total Temptation маскара е кремаста, не е премногу сува, но не и премногу течна. Формулата содржи екстракт од кокос кој на маскарата и дава суптилен, но воедно и прекрасен мирис. Лесно се нанесува во повеќе слоеви за да се постигне саканиот ефект на волумен на трепките.

Четка!

Maybelline Total Temptation маскарата има класична четка со нерамномерно распоредени влакненца кои се тврди, речиси крути, кои при нанесувањето овозможуваат трепките убаво да се распоредат и исчешлаат. Поради тоа, маскарата не остава грутки на трепките.

Ефект на трепките!

Маскарата убаво ги раздвојува и не остава грутки на трепките, но всушност доста успешно дава волумен. Оптички ги продолжува, но истовремено се постигнува ефектот на густи трепки. Дополнителен плус за оваа маскара претставува фактот што трепките остануваат меки, текстурата не се распаѓа и не се размачкува.

- Реклама -

Maybelline Total Temptation маскарата е тотално искушение за убавина. Верувам дека оваа маскара ќе ги убеди многумина.