Да се поседува парфем со потпис на Tom Ford е вистински престиж!

Кога ги креирал парфемите, дизајнерот Tom Ford имал идеја дека тоа ќе бидат парфеми за луѓе кои го сакаат престижот, кои знаат да проценат што е добро и ретко, односно за луѓе со истенчен вкус, храбри личности кои сакаат да доминираат и да бидат забележани.

Tom Ford – дизајнер, режисер, сценарист и продуцент!

Thomas Carlyle Ford е американски моден дизајнер, филмски режисер, сценарист и филмски продуцент. Тој го лансира својот истоимен луксузен бренд во 2006 година, претходно работејќи како креативен директор на луксузните модни брендови Gucci и Yves Saint Laurent.

Роден е во Остин – Тексас, а родителите му биле агенти за недвижнини, па од нив го развил чувството за убаво и удобно живеење.

Светот за него дозна во деведесеттите години на минатиот век, кога стана дизајнер за Gucci и го освежи нивниот стил. Тој создаде гламурозни, смели, секси парчиња облека кои ја дефинираа таа ера.

Tom Ford – на стилот на жената му даде острина и препознатливост!

„Иако Prada и Gucci владееја со светот на модата, токму Tom Ford направи значајни промени во однос на стилот на жената, му даде острина, препознатливост“ – изјави најмоќната дама во светот на модата Anna Wintour, уредничка на Vogue.

Tom Ford брендот се продава во 120 земји во светот!

Денес Ford има сопствен моден бренд кој вклучува облека, аксесоари и производи за убавина. Неговите производи се продаваат во 120 земји во светот.

„Парите и успехот ќе ви ја купат слободата да го направите тоа што мислите дека е добро за вас. Јас ги поместувам границите затоа што можам“– Tom Ford

Signature – Линија на машки мириси!

Tom Ford for Men

Tука веднаш се чувствува „spicy“ акцентот, односно дрвенестите ноти и праисконските тонови кои го прават овој парфем луксузен, но истовремено елегантен и модерен. Креиран за префинети и заводливи мажи со софистициран стил.

Tom Ford for Men Extreme

Интензивна машка интерпретација на сензуалноста која зрачи со неприкосновен стил и самодоверба.

Grey Vetiver Tom Ford for men

Елегантен и префинет мирис каде се чувствуваат цитрусните ноти со раскошно присуство на зачини и скапоцени дрвенести ноти.

Tom Ford for Men, Tom Ford for Men Extreme, Grey Vetiver Tom Ford for men
Noir Tom Ford for men

Ориентален и сензуален мирис кој е олицетворение на перцепцијата на Tom Ford за мажи: префинети, урбани кои каде и да поминат, ќе бидат забележани.

Noir Eau de Toilette Tom Ford for men

Овој мирис е за динамични и енергични мажи, со силно присуство на цитрусни ноти.

Noir Extreme Tom Ford for men

Noir Extreme открива нова димензија за Noir мажите. Дрвенесто-ориентален мирис збогатен со ноти на амбер. Тој е за мажите кои се доволно храбри да се издвојат од толпата и да бидат извонредни.

Noir Tom Ford for men, Noir Eau de Toilette Tom Ford for men, Noir Extreme Tom Ford for men

Signature – Линија на женски мириси!

Black Orchid Tom Ford for women

Луксузен и сензуален мирис со раскошни темни тонови на магичната црна орхидеја, модерен и безвременски парфем.

Black Orchid Eau de Toilette Tom Ford for women

Ова е посебна креација која претставува заводлива револуција со сопствен карактер кој чека да биде покажан.

Velvet Orchid Tom Ford for women

Ориентално цветен мирис кој претставува еволуција на мирисите на Tom Ford.

Black Orchid Tom Ford for women, Black Orchid Eau de Toilette Tom Ford for women, Velvet Orchid Tom Ford for women
Noir Pour Femme Tom Ford for women

Овој парфем претставува фасцинантен парадокс – тој е за жени кои се истовремено екстравагантни и сензуални.

White Patchouli Tom Ford for women

Со својата сензуална доминација на пачули, ова е модерен мирис во ретро класично издание.

Noir Pour Femme Tom Ford for women, White Patchouli Tom Ford for women

Tom Ford Private Blend – Линија за мажи и жени!

Noir de Noir Tom Ford for women and men

Ова е мирисот кој e посветен на јинг и јанг, ориентален парфем која ја открива женската димензија на Tom Ford.

Tobacco Vanille Tom Ford for women and men

Tom Ford е дизајнер кој е обземен од Лондон, го обожава и тоа го покажува преку креирање на Tobacco Vanille, кој пак асоцира на англиски клуб за мажи.

Oud Wood Tom Ford for women and men

Една од најбараните и најценети состојки во парфемската индустрија е Oud состојката, која многу се користи во источните храмови и е позната по силниот мирис.

Noir de Noir Tom Ford, Tobacco Vanille Tom Ford, Oud Wood Tom Ford for women and men
Costa Azzurra Tom Ford for women and men

Оваа свежа мешавина преку мирисот не носи на плажите во Сардинија, не потсетува на свежината на морето и летото.

Neroli Portofino и Nepoli Portofino Acqua Tom Ford for women and men

Уште една летна свежина посветена на италијанската ривиера, на летната заводливост и убавината на бескрајните азурни плажи.

Mandarino di Amalfi Tom Ford for women and men

Слоевит, искрен и прозрачен мирис кој ни носи слика во главата од карпестите предели на дивото море. Цитрусната свежина е неодолива.

Costa Azzurra Tom Ford, Neroli Portofino Tom Ford, Mandarino di Amalfi Tom Ford for women and men

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *