Создаден за да покаже како е да се биде најдобар! Paco Rabanne Lady Million Empire

Најновиот чекор во мирисната колекција Paco Rabanne Million е Lady Million Empire, првиот chypre мирис на брендот Paco Rabanne креиран од парфимерите Anne Flipo и Jean-Christophe Hérault. Современиот chypre мирис како што е најавено од страна на брендот дизајниран е да покаже како е да се биде најдобар.

„Осмели се да направиш сé. Секогаш. Бркај ја својата судбината. Веднаш. Обликувај го со својот имиџ. Брилијантно. Послушај се само себеси.“

Мирис избран за моќ и софистицираност!

Соработката со парфимерката Anne Flipo која го создаде првото издание на Lady Million и Jean-Christophe Hérault резултира со создавање на модерна chypre креација. Мирис избран за моќ и софистицираност, со пачули како негов столб.

Мирисот: цветови од магнолија натопени во многу адитивен коњак. Силна женственост. Сексипил. Екстремно дрско.

Композиција – контрастот на две сосема различни состојки доведени во хармонија!

Композицијата на Lady Million Empire го нагласува контрастот на две сосема различни состојки доведени во хармонија: бели ливчиња од магнолија и златен коњак. Целта е ултра предизвикувачка, секси, модерна и смела композиција. Акордите на коњак, кандираните рибизли, слаткиот портокал и Mirabella сливите ги спроведуваат своите гурмански нијанси за збогатување и нијансирање на chypre карактерот на новото издание.

Шишенце – луксузен розов дијамант!

Новото шишенце на Lady Million Empire е дизајнирано од Noé Duchaufour-Lawrance, дизајнерот на оригиналното издание на Lady Million. Новото шише претставува „The Grand Jeu“, луксузен розов дијамант кој ги комбинира доминантната розова со златна боја како поддршка.

Paco Rabanne Lady Million Empire ќе биде достапен во 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *