- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сите обожаваме нови производи за шминкање, но нема ништо подобро од тоа кога тие ќе нè соборат со своите одлични формули и резултати. Кога таквите производи навистина ќе ги надминуваат сите очекувања на бјути ентузијастите, тие стануваат вирални. Маскарата Maybelline Sky High е најновиот вирален мејкап производ за кој треба да знаете! Најдобро од се е тоа што цената на маскарата е многу прифатлива, но лоша вест е дека можеби уште некое време ќе ви биде тешко да ја набавите. Маскарата Sky High на Maybelline се појави на пазарот пред извесно време, но веќе се распродаде дури четири пати – делумно благодарение на огромната маса на TikTok обожаватели.

Sky High маскарата е збогатена со екстракт и влакна од бамбус!

Хаштагот #skyhighmascara собра неверојатни 53 милиони прегледи. Зошто е толку посакувана? Формулата на оваа маскара ги издолжува трепките, а исто така дава малку волумен. Флексибилната четка ви овозможува да ја достигнете секоја трепка, од секој агол, дури и најмалата. Во формулата на маскарата инфузиран е екстракт и влакна од бамбус кој ги издолжува трепките. По нанесување на два до три слоја на Sky High маскарата резултатите се драматични. Лудилото по маскарата започна кога корисничката на TikTok – @jessica.c.eid објави видео на кое ја тестира маскарата. Резултатот беше: црни, екстремно долги трепки, па не е изненадување што објавата предизвика интерес кај бјути ентузијастите, а голем број на фанови побрзаа во парфимериите за да се уверат дали резултатите се толку добри како што изгледаат.

@kspader79What better way to close out 2020 than with this memory 💗 @maybelline #maybelline #skyhighmascara #maturebeauty #beautyover40♬ original sound – Kim

Корисничката @kspader79 беше доста сомничава за тоа како маскарата ќе влијае на нејзините светли трепки. Но, остана воодушевена од одличните резултати. Друга корисничка @rocio.roses ја нанесе маскарата додека сè уште беше во автомобилот, велејќи дека одамна не била толку возбудена за една маскара. Откако нанесе три слоја, таа беше воодушевена од она што го забележа. Оваа маскара дефинитивно вреди да ја додадете во вашата секојдневна рутина.

- Реклама -

Како до Maybelline Sky High маскарата!

Маскарата Maybelline Sky High посакувам за брзо време да може да се набави кај нас, а дотогаш ви останува можноста за набавка во некоја онлајн продавница која врши испорака во Македонија.