Најубавите парфеми од Yves Saint Laurent сега добиваат златна мирисна едиција!

Yves Saint Laurent ќе лансира нова лимитирана едиција посветена на претстојната празнична атмосфера, наречена Gold Attraction. Женските мириси Black Opium и Mon Paris ќе бидат претставени во нови пакувања кои ќе го истакнат празничниот гламур со златни и светкави детали.

Black Opium Gold Attraction Edition

Гурманскиот женски мирис од Yves Saint Laurent, Black Opium доаѓа во матирано црно шишенце со YSL лого изработено со златни светки, симболично наречен Black Opium Gold Attraction Edition.

Топлата и слатка гурманска композиција креирана е за да го разбуди “гламурозниот рок дух” на новата генерација. Зелената мандарина и круша, белите цветови од портокал и јасмин, акордите на кафе, кедар, пачули и ванила – прават опојната мирисна комбинација за модерно и младешко толкување на зависноста.

Black Opium Gold Attraction Edition ќе биде достапно во 50 мл, како Eau de Parfum.

Zoe Kravitz ново лице на парфемот YSL Black Opium

Mon Paris Gold Attraction Edition

Женскиот мирис од Yves Saint Laurent инспириран од Париз како град на интензивна љубов, доаѓа како Mon Paris Gold Attraction Edition со шишенце со златен, светкав приврзок во форма на YSL логото.

Розовиот бибер, круша, егзотичниот бел цвет datura, кремастиот бел мошус и пачули имаат задача да го отсликаат страственото и незаборавно патување во Париз и љубовната приказна која се роди во градот на љубовта.

Mon Paris Gold Attraction Edition ќе биде достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *