Невести! Обрнете внимание ако планирате сами да се шминкате за вашата свадба!

Вашата свадба веројатно e настан каде што ќе бидете најфотографирани, ден во кој се мора да биде совршено. Ако помислата дека за вашиот мејкап изглед за големиот ден треба да одлучува или зависите од мејкап артистот, а тоа ве прави нервозна или сте многу вешти со мејкап четките, ви давам најдобри совети за тоа како да се нашминкате себеси за вашиот голем ден. И ви ветувам дека ќе добиете ефект приближен до професионален мејкап!

Шминката е од големо значење за целокупниот изглед на вас како невеста, бидејќи сте централна личност на свадбата. Покрај тоа, фотографиите од прекрасниот настан засекогаш ќе останат во вашиот живот, а со нив ќе биде овековечена и вашата шминка. Затоа, ако сте сам свој мајстор за денот на свадбата, сигурна сум дека ќе ви користат овие мејкап совети за долготрајна шминка.

6 Совети за невестите кои ќе изберат сами да се шминкаат!

Имајте ги во предвид временските услови и локацијата на свадбата!

Како невеста, изберете течна пудра како основа за шминката во зависност од факторите како што се временските услови и локацијата на свадбата. Ако вашата свадба е во текот на постудените месеци од годината, изберете течна пудра која изгледа dewy и блескаво, но за летни свадби сигурно не сакате вашиот мејкап да се размачка или истопи, па затоа изберете мат долготрајна пудра. Ако вашата свадба трае цел ден, одберете пудра со долготрајна опција.

Ако вашата свадба е на отворено, земете го тоа во предвид.

Бои, Бои, Бои…

Запомнете дека шминката за невеста мора да има доволно бои за да се компензира со белилото од фустанот. Постои голема разлика помеѓу секојдневната облека и венчаницата, затоа разликата треба да се гледа и во шминкањето. Започнете со измазнување на лицето со прајмер, нанесете течна пудра, а потоа додадете боја на образите и усните, но најголем акцент и посебно внимание посветите на истакнување на очите. Избегнувајте “лесна” шминка, затоа што она што ви изгледа нежно и убаво пред огледало нема да се примети на сликите.

Пробајте го посакуваниот мејкап изглед неколку пати пред големиот ден!

Ова особено е важно за невестите кои не се шминкаат често и не носат многу шминка. Најдобар начин да го пронајдете она што најдобро одговара за вас и да го избегнете стресот е да се обидете да се нашминкате неколку пати пред свадбата. Најдобро е да започнете со пробите за шминка два месеци пред денот на свадбата и да се фотографирате за да можете на сликите да ги забележите грешките или корекциите што треба да ги направите.

Нашминкајте се пред облекување на венчаницата!

Прво направете ја фризурата на косата, за таа да “легне” додека се шминкате. Венчаницата се облекува само откако ќе се нашминкате, со цел да се избегне можно ронење и дамки од кармин. Кога ја облекувате венчаницата, со дланките покријте го лицето, за шминката да не се копира на фустанот.

Одвоите барем еден сат и половина за шминкање!

Најдобар начин да избегнете фрустрација е да имате доволно време. Ако веќе се шминкате сами, почнете од очите, за да избегнете сенката да се рони по вашето лице. Тоа лесно се корегира ако немате на себе пудра и прајмер. Оставете си барем еден час и половина за да ја донесете шминката до совршенство.

Носете со себе неколку мејкап производи за корекција!

Кога ќе завршите со посакуваниот мејкап изглед, во вашата ташна обавезно ставете го карминот кој го употребивте, огледало и транспарентна пудра или матирачка хартија, за подоцна да го поправите карминот или да го матирате тенот на лицето од наложениот сјај. Нека овие мали мејкап ситници секогаш бидат на дофат на раката, бидејки свадбените веселби трат цел ден и ноќ и сигурно не сакате да блескате на фотографиите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *