Откриете нови перспективи со Hugo Reversed! #YourTimeIsNow

Обратни навики. Прифати го неочекуваното. Ви го претставувам Hugo Reversed – противотров за предвидливост. Предизвик да се изразите себеси и да преземете ризик, Hugo ве кани да откриете повеќе. За разберете дека не постои патоказ за животот. Значи, направете го она што сакате да го направите. Денес!

Време е да го дефинирате вашиот живот според сопствени правила. За себе. Бидејќи #YourTimeIsNow.

Во новиот дигитален филм на француското електронско музичко дуо Justice, Hugo Reversed ги претставува можностите кои ви се отвораат кога ќе решите да ги разнишате малку работите. Да го превртите животот наопаку. Без разлика дали е тоа на ДЏ пулт или во скејт парк. Откривање скриен талент. Добивање нова страст. Бидејќи нема да се сеќавате кога ќе кажете „не благодарам“ на интригантна покана. Или одлучете да го правите истото што секогаш го правите. Но, ќе се сеќавате на моментите кога сте рекле „да“, кога сте запознале нови луѓе, кога откривте нови можности и создадовте незаборавни сеќавања. Време е да излезете надвор од вашата удобна зона. Да го дефинирате вашиот живот според сопствени правила. За себе. Бидејќи #YourTimeIsNow.

Hugo Reversed мирис ве охрабрува да ги свртите работите наопаку!

Новиот Hugo Reversed мирис ве охрабрува да ги свртите работите наопаку со неговиот освежителен пресврт на класичниот Hugo мирис. Секое прснување од Hugo Reversed започнува со експлозија од енергетскиот бергамот од Калабрија, кој поттикнува виталност и будност, додека освежителниот грејпфрут нуди освежителен пресврт кој ве предизвикува да го продолжите денот во различна насока. Во срцето на мирисот опојниот Pamplewood се комбинира со екстракт на рузмарин со цел да ве охрабри да ги свртите работите наопаку. Во основата, пријатниот ветивер од Хаити придонесува за урбаната мажественост на мирисот. Застапувајќи ги достапните можности тој ве инспирира и ви ја дава потребната самодоверба за да се движите напред.

Обратното Hugo лого е исто како на истоимената модна колекција!

Hugo Reversed шишенцето е изработено со елегантен минималистички дизајн, кое е непроменето 20 години, а притоа го дели истото обратно лого како на истоимената модна колекција. Тоа го одразува урбаниот стил на Hugo облеката, но исто така служи и како естетски потсетник – прифати го непознатото.

Време е да го смените вашиот изглед. Што чекате?

#YourTimeIsNow

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *