ПАРФЕМСКА ПРЕМИЕРА! Lancome La Vie Est Belle Flowers of Happiness

Новото издание на Lancome La Vie Est Belle ќе биде промовирано на крајот од месец Август 2018 година како  La Vie Est Belle Flowers of Happiness.

Мирис кој ја шири позитивната порака на La Vie Est Belle!

Новиот мирис Flowers of Happiness ќе продолжи да ја шири позитивната порака на линијата La Vie Est Belle и на секоја дама која го прифаќа мотото – Животот е убав, нуди среќа и добро расположение со нови цветно-овошни комбинации на мирисни ноти.

Букет од цвеќа – Flowers of Happiness!

La Vie Est Belle Flowers of Happiness е најавен како деликатен цветен мирис кој со својот карактер ги открива новите слоеви на радост. Се отвора со зелени и сочни акорди на круша, кои водат до букет со цвеќа во срцето составен од рози, јасмин и божур врз мошусно-дрвенеста основа.

Новиот мирис Lancome La Vie Est Belle Flowers of Happiness ќе биде достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *