Посвежа верзија која си поигрува со сетилата! Marc Jacobs Daisy Love Eau So Sweet

По лансирањето на Daisy Love и Daisy Love Sunshine, брендот Marc Jacobs ќе претстави слатка и посвежа верзија наречена Daisy Love Eau So Sweet која си поигрува со сетилата и ги комбинира светлите цветни и овошни ноти.

Новиот мирис го задржува зависниот и неодолив дух на Daisy Love изданијата!

Daisy Love Eau So Sweet го задржува зависниот и неодолив дух на Daisy Love изданијата, со неочекувана доза на свежина на овошна сладост. Белите малини комбинирани со бергамот и кристализирани капини се првичните ноти при отворање на мирисот. Во срцето се развиваат цветни ароми на маргарита и јасмин на база на зашеќерен мошус, бел ирис и дрвенести ноти.

Шишенцето ја задржува својата форма, украсено со цветно капаче!

Шишенцето на мирисот Daisy Love Eau So Sweet ја задржува својата формата од претходниците, украсено со капаче во форма на цвет, но овој пат во светло виолетова боја.

Новиот мирис Daisy Love Eau So Sweet ќе биде на располагање од крајот на Април 2019 година, во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *