Мирисна приказна за првиот бакнеж! Cacharel Amor Amor Electric Kiss

Нова интерпретација на Amor Amor парфемот од брендот Cacharel создаден да го пренесе „електричното чувство на заљубеност“. Инспирацијата за Amor Amor Electric Kiss мирисното издание е приказната за една тинејџерка кој го доживува својот прв бакнеж на музичкиот фестивал и за сензацијата која ја доживува засилена со светлосни ефекти и музика.

„Наелектризиран“ парфем!

Новиот парфем Cacharel Amor Amor Electric Kiss е опишан како свеж и разигран. Розовиот бибер и растението рабарбара (rhubarb) го претвораат легендарниот Amor Amor во парфем кој е „наелектризиран“. Цветното парфемско срце се потпира на базата богата со amberwood акорди.

Шишенце со флуоресцентна декорација!

Шишенцето на Amor Amor Electric Kiss е металик со флуоресцентна декорација.

Amor Amor Electric Kiss ќе биде достапен во 30 и 50 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *