Amo на италијански „сакам“ – изјава на една млада жена со слободен дух, која е подготвена да ја искористи секоја прилика што нејзиниот живот и го нуди, оставајќи го својот траг, па и оној мирисниот!
Мирис со експлозивен карактер!
Amo Ferragamo е бестрашен, со модерен акорд на гламур и страст. Мирисот започнува со експлозивен карактер: во горните ноти доминира акордот на италијанскиот Amaro ликер, збогатен со црна рибизла и рузмарин.
Срцето е нежно и женствено како цвет, со самбак јасмин што се топи со апсолутниот зелен чај од Парагвај и рабарбарата.
Во базата дрвенеста сладост: уникатната сензуалност на Amo Ferragamo добиенa e од рафинирана мешавина на бела ванила и сандаловина.
Парфемот припаѓа на семејството на ориентално-цветни мириси и создаден е од Marie Salamagne.
Шишето ја рефлектира страста на Salvatore Ferragamo!
Шишето на Amo Ferragamo е едноставно и необично. Елегантните линии на шишенцето се направени по терк на традиционалните италијански парфемски шишиња од минатото. Обоено со специјален сјаен лак, рефлектирајќи ја светлината, но и страста на Salvatore Ferragamo за високо-квалитетни материјали, кој со оригиналност и креативност, ги трансформира природните суровини во уникатен и благороден предмет.
Suki Waterhouse, олицетворение на страствен и ведар дух!
Заштитното лице на мирисот е познатата актерка и модел Suki Waterhouse. Како светска џетсетерка и мулти талентирана млада жена, таа е олицетворение на страствениот и ведар дух на Amo Ferragamo. Позади објективот е уште една исклучителна жена: Ellen von Unwerth, врвен фотограф и создавач на женственоста. Снимена во Фиренца, родниот град на модната куќа Salvatore Ferragamo, кампањата е ода на убавината, љубовта на животот и самоспознанието, презентирани преку привлечна и необична приказна со повеќе епизоди во кои Suki Waterhouse зборува за се она што го сака и се она што жените денес го сакаат.