Тајната е во базата! All Day Primer
Мејкап артистите добро ја знаат тајната на беспрекорниот и долготраен изглед. Таа не се крие само во пудрата, туку тајната е во базата, пудрата и коректорот кои заедно совршено го камуфлираат секој недостаток на тенот. Финишот навистина е професионален, измазнат, мат и долготраен.
Подготовката на кожата со база е од најголемо значење!
Подготовката на кожата со база е од најголемо значење во професионалната шминка, таа создава совршена мат основа која ја прави пудрата трајна во текот на целиот ден.
Ви откривам техниката на Max Factor за постигнување на долготрајна шминка. Инспирирани од оваа техника, Max Factor го понуди Max Factor Facefinity All Day Primer – производ вкоренет во Max Factor технологијата, иновација и експертиза за тен. Состојките од All Day Primer базата сега се дел од формулата на Facefinity All Day Flawless 3in1 течната пудра.
Базата е производ кој мора да го имате!
Max Factor Facefinity All Day Primer е клучен производ за подготовка на кожата со база кој истовремено содржи СПФ 20. Тајната на беспрекорната и долготрајна шминка е во микро коректорите кои делуваат во апсорбирање на потта што ја лачи лицето, продолжувајќи го времето на траење на течната пудра.
Базата е производ кој мора да го имате доколку сакате совршена основа, особено ја препорачувам за оние кои имаат масна кожа. Матификаторите ја апсорбираат потта и маснотијата кои ги лачи лицето на начин на кој што ја прават пудрата долготрајна. Базата е идеална бидејќи ја прави кожата свиленкасто нежна. Нанесете ја базата по нанесување на крем и убаво размачкајте ја преку целата Т-зона.
Мејкап базата ја става целата мејкап техника во ваши раце!
Max Factor Facefinity All Day Primer создава одлична подлога за коректор. Овој есенцијален производ ја промени техниката на шминкање во бекстејџот на модните писти, создавајќи совршена основа и блескав изглед за потребниот изглед наречен Skin Luminosity: Светли ликови со ефект на допир на утринска роса и висок сјај на нивните образи и очните капаци.