Без оглед на тоа дали веќе сте добиле прекрасен исончан тен или допрва ве очекува излежување на плажа, би било добро да го смените стилот на шминкање кога ќе го исончате вашето лице, за да ги избегнете најчестите грешки во шминкањето!
Жените често забораваат дека убавиот и исончан тен треба да се истакне колку што е можно повеќе, наместо да се крие под слоеви на “тешка” шминка. Поради ваквата грешка, не само што ќе изгледате многу постари, туку на вашето лице ќе создадете “ефект на маска”, а тоа никој не го сака!
Затоа важно e да обрнете внимание на следново за да избегнете грешки во шминкањето на исончано лице:
Пудра
Пред нанесување на пудра, на лицето задолжително нанесете хидратантен крем, бидејќи сончањето ја суши кожата. Наместо “тешки” пудри, изберете производ со лесна и транспарентна текстура.
Важно е нијансата за течната пудра да одговара на моменталната боја на вашата кожа. Како што тенот на лицето ќе бледее со текот на времето, најдобро е да имате посветла и потемна нијанса при рака, така што со мешање ќе ја постигнете моменталната нијанса на вашето лице.
Прајмер
На исончана кожа сите недостатоци на лицето се многу помалку изразени, па премногу “интервенции” навистина не се потребни. Матирачкиот прајмер може да послужи како идеална подлога, бидејќи ќе ја фиксира шминката и ќе спречи да се размачка од влијанието на топлината.
Бронзер или руменило
Во случај кога на вашето лице сте добиле навистина интензивен исончан тен, најдобро решение за вас е бронзерот за да избегнете грешки во шминкањето на исончано лице. Нанесете го на оние делови од лицето кои природно најмногу поцрнуваат на сонцето, односно на врвот на образите, носот и челото. Бронзерот ќе му даде на лицето дополнителна свежина.
Ако имате светол тен и не потемнувате многу на сонце, најдобро е да заборавите на бронзерот и да изберете руменило во корално-црвена, розова или боја на праска.
Многу е важно да знаете дека на сува кожа на лицето треба да нанесете блескави руменила или бронзери, додека за мрсна или комбинирана кожа треба да обезбедите руменило или бронзер со мат текстура.
Кармин
Грешите ако мислите дека темните бои на кармин се добро решение. Напротив, тие ќе се стопат со лице и ќе го расипат општиот впечаток. Без разлика дали користите сјај или кармин, изберете нежни и живи нијанси, бидејќи летото едноставно бара контраст!
Розова и портокалова боја или блескав сјај се идеални нијанси за преку ден, бидејќи ќе го истакнат убаво исончаниот тен. За вечерни прилики, одберете светло-розова или кармин во боја на праска.
Сенки
Во лето, нема потреба да инсистирате на сенки за очи, бидејќи на исончан тен на лицето, очите доаѓаат до израз. Меѓутоа, ако се одлучите да ги користите, за разлика од карминот, кафените и бронзените сенки кои се вклопуваат со тенот на кожата, дополнително ќе ја нагласуваат убавината на очите.
На нежно исончано лице совршено одговараат коралните и златните сенки, додека за изразен исончан тен, треба да ги изберете сите нијанси на сина и розова, виолетова па дури и портокалова.
Водоотпорна маскара е задолжителна, но не претерувајте со слоеви. Моја препорака е за време на летото наместо со сенки експериментирајте со маскари во боја.