Мирис проткаен со сензуална белина! La Nuit Trésor à la Folie
Линијата на мириси La Nuit Trésor од Lancôme се збогати со уште едно издание насловено како “La Nuit Trésor à la Folie”. (фр. “à la folie” – мк. “до лудило”).
Во парфем La Nuit Trésor à la Folie креиран од Christophe Raynaud, Amandine Marie и Honorine Blanc, преку блескавата роза ја рефлектира сензуалноста на лудилото. Овој парфем го одбележуваат богатите и страсни гурмански акорди на вкусен еликсир од ванила. Надарен цвет како бледо црвен дијамант кој се предава на шармот на еден прекрасен пијалак од ванила “бурбон”. Тие формираат атрактивно дуо на опојни дрвенести ноти, возбудлив килибар и кадифен мошус.
Горните ноти како одраз на треперење на желба!
Отворањето на парфемот е едноставно волшебно! Пикантниот акорд на розов бибер пренесува блескави, светкави вибрации кои ја нагласуваат ведрината на бергамот и сочната свежина на круша и црна рибизла.
Срцевината како инкарнација на експлозивната страст!
Розата од Дамаск е обвиена во интензивната, луксузна срцевина на јасмин и ливчиња од божур. Страствениот темперамент на розата и физичка атрактивност се нагласени до максимум, сè до кадифената текстура на нејзините црвени ливчиња. Белиот раскошен јасмин во комбинација со игриви етерични ноти на божур создаваат фасцинантен цветен момент што копнее по желба.
Долните ноти како одраз на неодолива сензуалност!
Дури и мирисот на овој мирис е желба. Акордот на ванила еликсир е неговата најголема тајна која предизвикува слатка вртоглавица, моќна и преоптоварена со неодолив хедонизам. Природните екстракти од ванила, бензоин и тонка зрното се збогатени со пачули и ноти од светло дрво кои го претставуваат волшебниот мирисен потпис.
Дијамант во боја на рубин!
Шишенцето на La Nuit Tresor à la Folie е дијамант во боја на рубин симболизирајќи страствен дух, а на вратот е украсено со црна лента, на која со сребрени букви е испишано: ”à la folie “.