Во ерата на Instagram преполн со преубави девојки, бронзерот е незаменлив мејкап производ за секоја девојка. Ако се шминкате суптилно, со мат бронзер може да направите контурирање и засенчување на очите, а кога ќе посакате исончан сјај, постојат сјајни бронзери кои го имитираат исончаниот изглед на кожата. Но, како го изберете вистинскиот бронзер според тонот на вашата кожа и целта за што ви е потребен? Ви откривам неколку непогрешливи трикови за да го пронајдете совршениот бронзер.
Бронзер – повеќенаменски производ!
Добро избран бронзер е клучен мејкап производ кој секоја дама треба да го поседува, без оглед на возраста или бојата на тенот. Иако сте со многу светол тен, постои совршен бронзер за вас. Ако мислите дека тој е резервиран само за летниот периодот, сте се излажале!
Бронзерот е идеален како на вашата кожа да ја повратите топлината во ладните денови, кога тенот природно е најмногу блед, но исто така спремно да ги пречекате првите пролетни зраци.
Избор на совршен бронзер!
Колку бронзерот треба да биде темен?
Професионалните експерти за шминка советуваат да не одите преку две потемни нијанси од вашето лице кога избирате бронзер. Уште потемните нијанси ќе изгледаат вештачко и калливо на вашето лице. Запомнете дека идеалната нијанса на бронзерот е бојата што ја добивате кога природно ќе се исончате.
Вистинската нијанса на бронзерот!
Ако сте со многу светол тен и ладна нијанса на кожата, избегнувајте бронзери со портокалови и црвени нијанси бидејќи ќе изгледаат многу вештачки. Изберете ладна нијанса на бронзер која има совршена комбинација на портокалова и сивкаста боја.
Ако имате неутрален тон на лицето можете да користите благо портокалови нијанси на бронзер.
Дамите со топла нијанса на тенот можат спокојно да уживаат во топлите нијанси на бронзерот, од портокалова до боја на цигла, бидејќи нивната природна кожа се базира на тонови на жолтата нијанса.
Камени, течни или кремасти?
Најчеста текстура на бронзерот што ја знаеме е бронзер во камена пудра. Овој бронзер е најпрактичен за почетници и брза шминка, бидејќи лесно се дозира.
Покрај камениот бронзер, постојат и кремасти или течни бронзери кои служат за нанесување по целото лице. Најдобро е да се користат во лето и да се белендираат со сунѓер или прсти. За овој тип на бронзери треба да бидете многу вешти, бидејќи брзо се сушат на вашето лице. Течните или кремастите бронзери треба да ги избегнувате ако имате мрсна или комбинирана кожа со изразени пори на лицето, бидејќи ќе додадете дополнителен акцент и тенот ќе изгледа мрсен, тоа сигурно не го посакувате.
Избор на бронзерот според намената!
За контурирање!
Основно мејкап правило е: бронзерите кои се користат за контурирање не смеат да бидат со портокалови нијанси! Улогата на бронзерите е да ја имитираат природната сенка која паѓа на лицето, а тие сенки на лицето се со сиви тонови. Затоа вашиот бронзер мора да биде со ладни тонови, благо да влечат на пепеласти нијанси.
Текстурата на бронзерот за контурирање мора да биде мат, бидејќи природните сенки немаат светки. Овој бронзер се нанесува само на местата за контурирање: под јаболкницата, на рабовите на челото и по должината на коската на вилицата.
За постигнување на топлина на вашиот тен!
Ако сакате да му дадете топлина на тенот на вашето лице и да постигнете благо исончан и здрав изглед, одберете бронзер со топла благо портокалова нијанса. Овој бронзер исто така треба да биде со мат текстура, бидејќи ќе го нанесете на поголем дел од лицето.
За да добиете потопол тон користете четка во форма на пуфна, што ќе ви овозможи да го нанесете бронзерот врз целото лице, фокусирајќи се на рабовите на челото и образите. За посебни прилики можете да користите бронзер со шимер, што ќе ви даде прекрасен златен сјај на вашето лице.
За исончан изглед!
За да го постигнете ефектот на исончан изглед, одберете бронзер со топла суптилна нијанса што содржи микро честички на светки. За да добиете блескав сјај и исончан изглед, нанесете го овој бронзер на местата каде сонцето би ви го обоило лицето: на образите, по должината на линијата на косата и на носот.
Овој мејкап изглед најдобро е да го носите во топлите вечери кога природно сте зацрвенети, кога златниот сјај и топлината на бронзерот ќе дојдат до израз.