СПОЈ НА СВЕТЛИНА И ТЕМНИНА КОЈ ОДРАЗУВА СКРИЕНА ЗАВОДЛИВОСТ! Armani Code Colonia
Armani Code Colonia зрачи елеганција на маж кој знае како да ја носи својата облека дискретно и со опуштена лежерност, која претставува одредена волшебност и моќ на заведување.
Шармантен, силен, неодолив и со совршен осет за стил! Code
Мaжествена привлечност во комбинација со опуштен став и елеганција го откриваат ставот на маж кој е во директна комуникација со луѓе и верен себеси, како дискретен мирис кој се чувствува само во допир со кожата.
Композицијата на мирисот Armani Code Colonia е многу едноставна и препознатлива, но по префинета од колонска вода. Станува збор за дискретен мирис кој зрачи опуштеност и лежерност. Не е провокативен, туку едноставно остава без здив преку убавите избрани состојки и исклучителна елеганција. Сензуален и привлечен кој веднаш буди емоции.
Заштитно лице на мирисот е холивудскиот глумец Chris Pine, кој совршено го одразува чувството на моментална привлечност.
Нов пристап: Свежина!
Armani Code Colonia припаѓа на линијата Code како Armani Code и Armani Code Profumo, а го креираше Antoine Maisondieu (Givaudan).
„Уште на самиот почеток на процесот на креирање на мирисот сакав да ја задржам препознатливата дрвенесто ароматична нота на мирисното семејство fougère поради нејзините привлечности и да додадам бран на свежина и елеганција низ спој со нежниот акорд на цвет од портокал“.
Токму поради тоа Armani Code Colonia е толку посебен, ароматична колонска вода со fougère акорди отвара впечатлива цитрусна нота зад која се кријат сензуални дрвенести ноти.
Armani Code Colonia е неодолива комбинација на цитрусни ноти (бергамот, мандарина, розов бибер) и ароматични средни ноти на мускатни кадулии кои продираат низ цветните ноти во совршен спој со цвет од портокал. Долните ноти ја имаат препознатливата пудреста нота на мирисот која придонесува дрвенестите ноти да се отворат со ноти на јантар, зрно грав и сончоглед.
Елегантно, проѕирно шишенце!
Добро препознатливото шишенце ги отсликува истите елегантни и совршено стилски линии како и креациите за мажи на Armani. Она што е различно е бојата. Шишенцето на Armani Code Colonia е обвиено во свежа и заводлива сина боја.
На сјајното капаче е гравиран монограмот GA. Веднаш под капачето се наоѓа црна лента која потсеќа на легендарните и препознатливи одела на Armani кои преставуваат симбол на елеганција.
Armani Code Colonia е спој на светлост и темнина кој одразува поинаква, скриена заводливост.