Сензитивна и деликатна есенција!
Според Donatella Versace, Crystal Noir е ретка есенција, сензитивна и деликатна. Во центарот на мистериозната композиција доминираат акордите на гарденија: свежа, сензуална, блескава и кремаста. Гарденијата во Versace Crystal Noir е репродуцирана со помош на научната технологија наречена “Headspace”.
Мирисот темен и мистериозен!
Базата на Versace Crystal Noir компонирана од амбер и мошус го прават мирисот темен и мистериозен, многу сензуален и впечатлив.
Во горните ноти, ѓумбирот и биберот го разигруваат мирисното чувство, кое потоа го освежуваат и разнежнуваат гарденијата, божурот, кокосот и цветот од портокал, за на крај да го крунисаат акордите од мошус, сандалово дрво и амбер.
Дизајнерот на мирисот е Antoine Lie, парфемот е лансиран во 2004 година. Шишето креирано од Air Media & Tino Valentinitsch и Donatella Versace.