Hermes Terre d’Hermes е култен парфем на францускиот бренд Hermes. Лансиран е 2006 година и за само десет години успеа да го постигне статусот на машки модерен класик.
Hermes Terre d’Hermes ја крие приказната за природата, магијата и алхемијата, рефлектирајќи ја скриената страна на машкоста: чувствителност, мистерија и елеганција.
Ме обзеде бран на треперење по целото тело… Зар тоа не е доволно?
Како да се објасни парфемот што ги надминува вашите граници, вашиот вкус и вашата перцепција? Како да се објасни ова чудо од парфем? Имате идеја?
Јас немам идеја, но ќе се обидам… Ќе обидам исто како што овој парфем се обиде да изнуди љубов, емоции и страст од мене!
Ги затворив очите, го пробав парфемот и што се случи? Ќе бидам искрена, „ништо посебно“… едноставно ме обзеде бран на треперење по целото тело… Зар тоа не е доволно?
Овој парфем тотално ме маѓепса, ме замолкна и го стави во „дилема“ мојот долгогодишен парфемски нос. Сега ми е потполно јасно зошто жените се толку „слаби“ на овој парфем.
Парфем преполн со мажественост!
Машка сигурност, машка страст, машка моќ, машка доминантност, машка еротичност… А овој парфем тоа го има во изобилство што една дама посакува!
Парфемот е вистински избор за алфа-мажите, парфем преполн со мажественост.
Карактерот на мирисот!
Проекцијата на мирисот започнува со ноти од портокал, зачинети со иритирачки ноти на бибер. Тие се придружени со многу суптилен акцент на грејпфрут. Потоа цитрусниот коктел постепено згаснува, а на негово место доаѓа интригантниот ветивер, потсетувајќи на мирисот на влажна почва по пролетниот дожд. Тоа е придружено со кедар и пачули, кои во голема мера се одлучувачки за карактерот на мирисот. Иако комбинацијата на неколку дрвенести состојки можеби изгледа претешко, всушност, спротивното е точно, Terre D ‘Hermes е карактеристичен, но не и тежок мирис.
Издржливоста на кожа е исклучителна, интензивните ноти се чувствуваат 2-3 часа, по што постепено омекнува, а на кожата може да се почувствува до 10 часа!
Шишенце!
Шишенцето е со класичен дизајн. Она по што се разликува од другите машки парфеми е капачето кое едноставно се завртува или одвртува при нанесувањето.
Парфем што жените едноставно ќе го обожаваат на секој маж!
Hermes Terre d’Hermes го освои моето женско срце. И не е чудно! Тоа е парфем што жените едноставно ќе го обожаваат на секој маж, бидејќи тоа е еден од ретките машки парфеми со остар мирис со безначително количество на сладост. Затоа велам дека Hermes Terre d’Hermes е вистинско ремек-дело.