Од предизвикувачкиот црвен кармин до загасито љубичест, сите овие нијанси треба да ги имате во вашиот козметички несесер за зимскиот мејакп изглед да биде беспрекорен. Празниците кои се пред нас и бројните прослави на кои треба да блеснете бараат стајлинг кој остава без здив. Раскош и нега во овие прилики се неопходни. Без квалитетен кармин што ја подигнува и ја заокружува целата комбинација не можете да очекувате дека шармот и убавината ќе дојдат до израз.
Важно е шминката совршено да се вклопи со облеката, бидејќи освен што ги крие недостатоците и ги нагласува атрибутите, шминката е парче накит без кој не можете да блеснете со вашиот изглед. Празничниот и зимски изглед бараат малку „потешка“ шминка и похрабар пристап, затоа важно е складно да се вклопат сите детали во завршниот впечаток кој останува запазен.
Елегантни усни нагласени со проверен кармин се сигурна карта за играње кога во прашање е деликатен мејкап изглед. Посебните прилики бараат посебни кармини, па затоа подолу ви претставувам десет магични мејкап производи кои ќе го направат секој изглед магичен.
Yves Saint Laurent The Slim Matte кармин
Овој кармин е создаден за дамите со изграден стил, кои го ценат квалитетот и функционалноста. Не само што необичниот облик на карминот помага во создавањето на исклучително остри линии околу рабовите, исто така пакувањето на карминот изгледа толку поженствено од било кој друг кармин што некогаш сте го виделе.
Max Factor Lipfinity Lip Colour 24hrs кармин 108 Frivolous
Совршената боја на слива на овој 24 часовен кармин е премногу убава и одлично се вклопува во зимскиот период. Неговата текстура ќе ги направи вашите усни совршено нагласени и постојани, што цела зима нема да се одвојувате од него.
Fenty Beauty By Rihanna Mattemoiselle Plush Matte кармин
Надградите го вашиот нуд кармин за усни со загасита нијанса на боја на тиква оваа зима. Се постигнува истиот ефект, но малку повеќе свечен.
Dior Ultra Rouge кармин Ultra Night
Црниот кармин се врати на голема врата, без разлика дали ви се допаѓа или не. Но, сигурно ќе станете најголем обожавател на црн кармин, кога ќе го пробате со оваа ултра-навлажнувачка и пигментирана формула.
Maybelline Color Sensational Shine Compulsion кармин Berry Blackmail
Оваа формула е како сјај за усни, балсам и кармин во едно. Во најубавата нијанса на бобичесто овошје што изгледа шик на сите тонови на кожата.
Bobbi Brown Luxe Liquid Lip High Shine кармин
Долготраен течен кармин за усни што ги хидрира усните и ги прави уште повеќе сензуални.
Mac Cosmetics Powder Kiss кармин
Мат кармин, кој е мек и луксузен, но никако пудрест и сув. Мислев дека е невозможно се додека не ја пробав новата формула од MAC.
Chanel Rouge Allure Velvet Extreme Intense Matte кармин
Електрично црвена или портокалова нијанса на кармин со совршена долготрајна матирачка формула која секоја зимска комбинација ја подигнува на повисоко ниво.
Bourjois Rouge Edition Velvet кармин 07
Формула за постигнување на кадифени усни со мат ефект и боја која трае со часови.
Lancôme L’Absolu Rouge x Camila Coelho кармин
Секој има потреба од најмалку еден кармин со боја на слива за есен и зима. Ми се допаѓа оваа нова нијанса од Lancôme, настаната под влијание на Camila Coelho. Во само еден чекор од примената на карминот остава неверојатен слој на пигмент.