- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Лосиони, млека или путери за тело се производи кои се неопходни за мека, хидрирана кожа на телото. Без разлика дали ги нанесувате за да се ослободите од сувите лактови, дехидрираната кожа на нозете или сувите делови од телото, нанесувањето на крем или лосион за тело е клучот за свиленкаста кожа. Сепак, не е сеедно кога и во кои ситуации нанесувате млеко за тело! Всушност, верувале или не постои вистинско време кога да ја хидрирате кожата на вашето тело за да постигнете најдобар ефект.

Кога е вистинското време да ја намачкате кожата на телото?

#1 После туширање!

Според мислењата на дерматолозите, најдобро време да се нанесат навлажнувачки производи на телото е веднаш после туширањето. Во кожата најмногу влага има кога е навлажнета после туширањето, а повеќето производи за хидратација најдобро функционираат кога кожата веќе е хидрирана. После туширањето, кожата брзо ја испарува водата, така што може да биде сува веднаш по капењето. Најдобар начин длабоко да ја хидрирате кожата на телото е да нанесете лосион, млеко или путер за телото веднаш по туширањето, додека кожата сеуште е малку влажна.

#2 Пред вежбање!

Ако ја изложувате кожата на триење за време на вежбање (џогирање, теретана и сл.) кожата на вашето тело подгответе ја со лесен лосион за тело. Ако времето е студено и воздухот е сув, оваа практика може да ја намали сувоста на кожата што се јавува кога ќе заврши тренингот.

- Реклама -

#3 После бричење!

Покрај што ги отстранува несаканите влакна, бричењето го отстранува и горниот дел од површинските клетки на кожата, исто како после пилинг. За да ја заштитите новооткриената кожа од сувост и да ја смирите иритацијата од бричот, нанесете лосион за тело или путер веднаш по бричењето.

#4 Пред спиење!

Кога спиеме или лежиме на чаршафите влагата се извлекува од кожата, затоа наутро се будиме со суви нозе. Поради тоа, времето пред спиење е идеален момент за хидрирање на кожата. Покрај тоа, мека и свилена кожа секогаш е убаво чувство пред да потонете во меките пижами.