- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со сите иновативни производи за нега на кожата – sheet маски, cushion пудри и сите можни видови тонери и серуми, не е ни чудо што целиот свет е опседнат со корејската козметика! Оваа K-beauty возбуда пристигна и кај нас – многу нови производи и невообичаени формули кои потекнуваат од Кореја се појавија на полиците во парфимериите. Но, понекогаш е тешко да се разликува што е тонер, ампула, емулзија, есенција… Овие специфични K-beauty производи имаат невообичаени формули и се единствени во светот на корејската нега.

Запознајте ги корејските производи на нега!

Мелеми за чистење на лицето! (Cleansing Balm)

Се работи за мрсно средство за чистење на лицето кое има цврста форма – како путер. Ова обично е првиот чекор на чистење, со што се отстранува шминката и СПФ кремот од лицето. Покрај мелемите за оваа намена во Кореја се користат и разни масла, но мелемите се попрактична алтернатива поради нивната цврста текстура.

Тонери!

Корејскиот тип на тонер многу се разликува од „западните“ тоници. Поимот тонер се однесува за сите течни производи за нега на кожата кои се нанесуваат веднаш по чистењето. Азиските тонери се хидрантни, смирувачки и малку погусти од западните тоници. Во суштина тие ја подготвуваат кожата со намалување на pH нивото за подобра апсорпција на производот. Од друга страна во јапонската нега, тонерите се водени или вискозни течности кои понекогаш се нарекуваат лосиони.

- Реклама -

Есенции (Essence)

Есенциите се многу слични на серумите, но малку се со полесна текстура. Тие се екстремно хидратантни, а понекогаш се со водени или гел текстури. Есенциите се формулирани со умерена концентрација на состојки. Од друга страна, есенциите за третман содржат поголема концентрација на ферментирани состојки и се користат по чистење и тонирање на кожата. Во типичен корејски бјути ритуал, есенцијата се нанесува пред серумот и емулзијата.

Емулзии (Emulsion)

Емулзиите се хидрантни третмани со конзистентност на лосион, но со помала концентрација на активни состојки отколку есенциите. Емулзиите всушност се лесни и течни хидрантни производи, нешто како најтечен крем за лице. Луѓето кои имаат мрсна кожа или живеат во места со влажна клима им се препорачува да користат емулзија наместо крем за завршен чекор на хидратација.

Ампули (Ampoule)

Ова не значи класични, стаклени ампули исполнети со концентриран третман за кожа (како што е кај нас на Запад), туку се работи за ампула која личи на серум. Во корејската нега ампулата е густа, вискозна течност која обезбедува висока концентрација на активни состојки кои се насочени кон специфичен проблем на кожата. Тоа може да бидат акни, хиперпигментација, безживотен тен на лицето или знаци на стареење. Многу често се мешаат термините ампула и серум – серумот е полесен и содржи помалку активни состојки, а ампулите се густи и концентрирани и потребна е една или две капки за третман на целото лице.

Серуми!

Серумите се слични на ампулите, само што се помалку концентрирани и полесни. Тие исто така се насочени кон одредени проблеми со кожата, а во корејската нега серумите се нанесуваат после тонерот.

Класичен редослед на нанесување на овие производи во корејска нега е: тонер, есенција, серум, ампула, емулзија (или крем).

Ноќна маска (Sleeping Pack, Sleeping Mask)

Ноќна маска или крем обично е последниот хидрантен чекор во вечерната корејска рутина. Овие третмани можат да бидат во форма на креми или гелови и се многу погусти од емулзиите. Особено се препорачуваат за луѓе со сува кожа. Ноќните маски за лице се посебни, бидејќи ја „заробуваат“ целата влага внатре во кожата од претходно нанесените производи.