5 работи кои никој не ви ги кажува за ТЕЧНИТЕ МАТ кармини!

Течните мат кармини не се најнова бјути опсесија – тие влегоа на голема врата пред неколку сезони и оттогаш се апсолутен ХИТ! Тие се долготрајни, сите ги носат, можат да издржат цел работен ден на вашите усни, но исто така отпорни се на бакнежи, кафе и конзумирање на храна. Незаменлив производ ако сакате да бидете безгрижни кога станува збор за шминка! Сепак, овие неколку работи сигурно не ги знаете за течните мат кармини, но многу се корисни!

Овие 5 работи сигурно не ги знаете за течните мат кармини!

1 Мора добро да ги подготвите усните!

Течните мат кармини се долготрајни, па затоа нивната формула е малку сува. Тоа значи дека ќе биде истакната секоја несовршеност на усните – лупење, сувост, нерамнини… За да постигнете вашиот мат кармин убаво да изгледа на вашите усни, важно е добро да ги подготвите усните.

Идеално е пред нанесувањето на течниот мат кармин да направите благ пилинг на усните со нанесување на подебел слој на балсам за усни и малку шеќер. После тоа повторно нанесете балсам за усни, додека го шминкате остатокот од лицето. Кога вашите усни ќе дојдат на ред, задолжително избришете го вишокот на балсам од вашите усни и  ќе добиете мазно платно за нанесување на мат кармин!

2 Еден слој сосема е доволен!

Течните мат кармини се со високо пигментирана формула и со кадифен финиш што ќе го добиете само со едно нанесување со четката. Затоа се дизајнирани да се нанесуваат само во еден слој. Дополнителните слоеви ќе изгледаат многу грубо: лупење, вовлекување во фините линии и предебел слој.

3 Немојте да ги триете усните!

Ако имате навика да ги триете вашите усни едни со други, како кога нанесувате кармин со сјај или кремаст кармин – тоа не смеете да го правите со течните мат кармини. Прво нанесете течен мат кармин на долната усна, а потоа на горната и оставете го да се исуши 10 секунди. Ако ги протриете усните тие ќе изгледаат суво и со неизедначена боја со изглед како дамка.

4 Не го поправајте течниот мат кармин!

Ако дел од течниот кармин ви исчезне после јадење, никако не додавајте нов слој или не обидувајте се да ги „закрпите“ местата без кармин. Ќе направите хаос, карминот ќе се вовлече во сите линии на усните, а тие ќе изгледаат суво и ронливо. Течниот мат кармин се поправа на следниов начин: избришете го стариот кармин од усните со марамче за отстранување на шминка и нанесете нов слој на чисти усни.

5 Ќе ви треба добар отстранувач на шминка!

Бидејќи формулата на мат карминиот е направена да трае долго време – ќе имате потешкотии да го отстраните, особено црвените и темните нијанси. Затоа, набавете добар маслен или двофазен отстранувач на водоотпорна шминка, со кој ќе натопите козметички памучен туфер. Држете го туферот неколку секунди за да ја растопи формулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *