- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како што добар, односно беспрекорен мејкап изглед, не може да помине без течна пудра, денес незамисливо е шминкање без коректор. Често во сенка на течната пудра, коректорот подеднакво е од непроценливо значење, ако навистина сакате да ги елиминирате недостатоците и да го направите вашето лице да изгледа измазнето и совршено. Ако се борите со мозолчиња, црвенило, темни кругови и други недостатоци, вашиот сојузник во форма на омилен коректор сигурно веќе го имате во козметичкиот несесер.

Но, дали знаете како да го искористите неговиот потенцијал и што може да направите со него? Ви нудам 7 одлични совети за коректорот со кои вашата мејкап рутина ќе се претвори во уште поголемо задоволство и како вашиот коректор да трае што е можно подолго!

Течна пудра пред се!

Новите мејкап трендови го посочуваат фактот дека подобро е да се нанеси прво течна пудра, а потоа коректор, бидејќи со нанесување на течна пудра после коректор од лицето буквално го бришеме коректор и потребна ви е поголема количина на течна пудра за ги покриете недостатоците. Со редоследот “течна пудра-коректор-остатокот на мејкап” исто така ќе заштедите на коректорот, бидејќи после течната пудра ќе ви треба многу помала количина на коректор за да ги покриете преостанатите видливи несовршености.

- Реклама -

Коректор за дефиниција на цртите на лицето!

Многу подобар мејкап изглед ќе постигнете ако коректорот го користите за дефиниција на одредени точки на лицето. На пример, неколку точки од коректорот може да нанесете околу веѓите и околу усните, а потоа добро да го изблендирате. На тој начин ги дефинирате цртите на лицето: усните ќе имаат многу поубава рамка, а веѓите ќе делуваат поубаво, попрецизно и помоќно.

Посветла нијанса за подочниците!

Коректор со нијанса посветла од тонот на вашата кожа е одличен за покривање на темни подочници. И не само за темните кругови околу очите, туку за свеж изглед, ведар и отворен поглед – исто како да сте спиеле препорачани 8 часа. Ако сакате да ги намалите отоците во оваа зона, можете да промешате капка од пудра со капка од крем за нега на тенка и чувствителна кожа околу очите.

Послужете се со прсти при нанесување!

Мејкап артистите препорачуваат при нанесување на коректор со кој сакаме да постигнеме максимално покривање на несовршеностите, сепак треба да се биде нежен, особено ако имате чувствителна кожа. Препорачуваат да се користат прстите за нанесување на коректорот, затоа што нанесувањето е најнежно и се добива најприроден резултат.

Почекајте коректорот да “седне”!

Пред вас е важна прилика и сакате беспрекорна шминка. Ако сакате да бидете сигурни дека сите несовршености буквално се избришани од лицето со помош на шминка, користете го стариот трик и почекајте коректорот да “седне” на лицето. Тоа значи дека ќе го нанесете на саканите зони, а потоа ќе почекате неколку десетици секунди или минута пред да почнете со блендирањето. Во тој период, формулата на вашето лице ќе стане погуста и конечно ќе ви овозможи максимално покривање, но со многу помалку производ отколку веднаш да започнавте со блендирање.

Коректорот е херој кај мејкап грешките!

Кога се брза, често се случуваат грешки. Овде на помош доаѓа коректорот. Ако криво сте повлекле линија од туш или можеби сенката се размачкала, коректор во нијанса на кожа ќе ги камуфлира грешките како тоа никогаш да не се случило.

Тапкајте со прст, наместо да размачкувате!

Коректор не треба да се нанесува како течна пудра со размачкување со прстите на кожата, така нема добро да го нанесете, бидејќи на тој начин повеќето од коректорот всушност ќе го отстранете. Наместо така, тапкајте со прстот за максимално да ја искористите количината.